1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЛББВ ја купи банката во Саксонија

Покраинската банка на Баден Виртенберг ЛББВ во последна минута ја спаси од банкрот тешко погодената покраинска банка на Саксонија. ЛББВ исплати 250 милиони евра.

default

Покраинската банка на Саксонија

ЛББВ ја презема банката со седиште во Лајпциг исплатувајќи 250 милиони евра како итна мерка – соопшти синоќа покраинскиот премиер на Баден Виртенберг Гинтер Етингер. Сметаме дека наша одговорност е да го решиме проблемот – објасни Етингер. Покрај тоа тој со преземањето на банката на Саксонија гледа зајакнување на економијата на Баден-Виртенберг - Јасно е дека ние од стопанството на Баден Виртенберг имем многу контакти во Саксонија. Земете го за пример Порше со Штудгарт Цуфенхаузен и Лајпциг, земете ги за пример машинопроизводството или секторот на испорака на автомобили. Сигурен сум дека ние со новата покраинска банка можеме многу подобро отколку досега да да им пружиме подршка на средните претпријатија за нивните зделки во Саксонија но и во Источна Европа и источна Германија.

ЛББВ на курс на експанзија

ЛББВ е најголема покраинска банка во Германија и веќе подолго време е на курс на експанзија. Секогаш одново се зборува за соединување со други покраински банки. Некогаш тоа беше банката на Баварија, потоа онаа на покраината Хесен, а во моментов се преговара со покраинската банка, Запад во Дизелдорф.

Банката на Баден Виртенберг е во конфорна ситуација.Кај другите покраински банки, тоа е поинаку. Нив сеуште ги има премногу во Германија. Покрај тоа повеќето од нив се премали и за нив е особено тешко: По отпаѓањето на покраинските гаранции, тие сега не само што мораат самите да си го заработуваат сопствениот капитал, туку поради тоа мораат за сопственото рефинансирање да прифатат полоши услови. Но не и банката на Баден Виртенберг: Нивниот углед е толку беспрекорен, што тие профитираат од кризите на другите.

ЛББВ единствена која беше во можност да ја купи банката во Саксонија

Така и во случајот со Саксонија: Банката од Штудгарт беше единствена покраинска банка која беше целосно во состојба да одлучува брзо и ефикасно. А мораше се да оди бргу, затоа што ни покраинската банка Запад од Дизелдорф која исто така мора да ги обработи тешките оптоварувања од зделките на американскиот пазар на недвижнини и шпекулациите со хартии од вредност, ниту покраинската банка на Берлин не беа во состојба, да ги покријат загубите на банката на Саксонија, или со други зборови, практично преку ноќ на маса да извадат 600 милиони евра.

Едно нешто призлегува од сето ова. Се поизгледно е имено предуредувањето на секторот на покраински банки во Германија. Веќе постои идеја за создавање на банкарски групации Север и Југ. Но тоа изгледа како решение само на прв поглед, затоа што покраинските банки на северот од Германија се севкупно послаби.