1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Л.А Креш изненадување на вечерта

Во Лос Анџелес по 78-ми пат беа доделени најпрестижните филмски награди во светот - Оскарите.

Анг Ли - најдобар режисер , но без Оскар за најдобар филм за неговиот „Броукбек маинтин“

Анг Ли - најдобар режисер , но без Оскар за најдобар филм за неговиот „Броукбек маинтин“

Беше вистинско изненадување кога на кулминацијата на вечарта на Оскарот , Џек Николсон го објави победникот во најважната категорија – најдобар филм:

„ И Оскарот оди кај Креш“

„Л.А Креш“ е филм за расизмот и предрасудите во Лос Анѓелес . Освен за најдобар филм оваа приказна беше наградена и со Оскарите за оригинално сценарио и монтажа. Режисерот , продуцен и автор на сценариото , Пол Хеџис во својот говор на благодарност рече:

„ Им благодарам на оние , кои преземаат голем ризик на себе , кога камерите не снимаат , да се ангажираат за слободата , праведноста и против нетолеранцијата„

Најголемиот фаворит на вечерта со осум номинации беше филмот Броукбек маунтин . Тој меѓутоа доби три одличја . Приказната за невообичаената љубов меѓу двајца каубојци ги освои оскарите за најдобра режија , најдобро адаптирано сценарио и најдобра музика . Режисерот Анг Ли :

„Главните ликови не само што ни разјаснија , под каков притосок биле хомосексуалците во општеството , туку и колку е голема љубовта“

Филмските творци од Германија во во холивудскиот Кодак тиатр за жал имаа само кратки моменти , кога беа објавени нивните номинации.

Филмот на Марк Ротемунд „Софи Шол- последните денови“ , остана без награда во категоријата најдобар филм од неанглиско говорно подрачје , исто како и краткиот документарен филм на Улрике Гротес „ Бегалец“ .

Инаку како што се очекуваше , наградата за најдобра машка улога ја освои Филип Сејмур Хофман за портретирањето на писателот Труман Капоте во истоимениот филм. Оскарот за најдобра женска улога пак и припадна на Риз Витерспун , за улогата во биографскиот филм за музичарот Џони Кеш „Вок д Лајн“.

Уште едно големо изненадување на вечерта беше наградата за рап групата Три Сикс Мафија за најдобра песна и тоа од филмот Хасл енд Флоу .

Доколку се доделуваше оскар за најдобар славенички говор , оваа рап група дефинитивно ќе го заслужеше.

Инаку во останатите условна кажано поважни категории Оскари освоија , Џорџ Клуни за најдобра споредна машка улога во филмот Сиријана а британката Рејчел Вајс го освои оскарот за најдобра споредна женска улога за нејзиното остварување во филмот „Констант гарденер“