1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Лајчак: ЕУ да реши што ќе прави со Македонија

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак очекува на декемврискиот самит на ЕУ Македонија најверојатно да биде повторно блокирана од Грција во напорите да обезбеди почеток на пристапните преговори за членство.

Мирослав Лајчак ја повика ЕУ да одлучи што ќе прави во случајот со Македонија, бидејќи најверојатно на декемврискиот самит на ЕУ ќе биде повторно блокирана од Грција во напорите да обезбеди почеток на пристапните преговори за членство.

„Европскиот совет најверојатно повторно нема да додели датум за преговори за Македонија. Унијата треба да одлучи што ќе прави со Македонија, бидејќи и по пет препораки од Европската Комисија, Европскиот Совет не може да донесе одлука за започнување на преговорите“, изјавил Лајчак на конференцијата на Атланскиот совет во Вашингтон.

Според словачкиот министер, потребна е голема промена во односот на ЕУ кон Македонија, бидејќи не може веќе неколку години по ред Европската комисија да дава позитивна препораки, а Европскиот совет да им кажува не. Лајчак потенцирал дека Македонија е првата земја од Западен Балкан која ги започна европските интеграции, и претставува добар пример за меѓуетничката соработка во регионот.