1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Лајпциг останува кандидат

Германскиот кандидат за Олимписките игри во 2012 година остава тешки недели зад себе. Поради голем број афери на водечките личности комитетот за кандидирање се соочи со големи проблеми. Сепак во минатата среда беа донесени одлуки кои дозволуваат да се смета дека не се исчезнати олимписките надежи за Лајпциг. Времето за Лајпциг, германскиот кандидат за олимписките игри во 2012 година е кусо. По два месеца на 15 јануари сите градови кандидати мораат да му одговорат на Меѓународниот олимписки комитет на 27 прашања за својата кандидатура. Досега не можеше многу да се слушне за напредокот во обработката на каталогот со прашања. Само кога беа објавени концептите на градовите за кандидатурата беа добиени високи оценки.Оттогаш доаѓаа само лоши вести: беше отпуштен шефот на комитетот за кандидирање поради финансиски манипулации. И одговорниот за олимпијадата на градот Лајпциг си ја зеде капата зашто неговите активности не беа сосема јасни. Комитетот остана без водечките личности. По последната седница сепак се чини дека работите одново се во добар ред. Со олеснување претседателот на Германскиот олимписки комитет Клаус Штајнбах најави:
"Надзорниот совет го избра господин Петер Цилсдорф за претседател на раководството. Благодарни сме што тој во кус рок искажа готовност да ја преземе таа функција". Тој досега работеше без многу спектакли, но зад кулисите со успех дејствуваше во германското стопанство. Таму стекна глас како човек кој ги враќа фирмите во живот. Токму тоа е она што сега му треба на Лајпциг. Цилсдорф е оптимист:
"Чашата Лајпциг не е полупразна, туку до половина полна. Јас сум сигурен дека повторно ќе ја наполниме. За тоа зборуваат фактите. Финансиските манипулации кои предизвикаа турбуленции не се наоѓаат од фазата на глобалната кандидатура на градот. Тие потекнуваат од времето кога Лајпциг требаше да се избори против четирите други кандидати во национални рамки". Најважно е што сега на чело се наоѓа политички и економски независен човек.Претседателот на ГОК Клаус Штајнбах е сигурен дека Лајпциг ќе одговори и на 27 прашања на МОК.
"Надзорниот одбор ќе ја води кандидатурата на Лајпциг успешно до крај".