1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Лариџани поднесе оставка

*

Иранскиот преговарач за атомската програма на оваа земја, Али Лариџани поднесе оставка од функцијата. Портпаролот на владата во Техеран изјави дека оставката на Лариџани ја прифатил претседателот Махмуд Ахмадинеџад. За негов наследник веќе е именуван заменик министерот за надворешни работи Саид Џалили. Во текот на наредната недела тој треба да се сретне со ЕУ претставникот Хавиер Солана. Портпаролот на Солана, Кристина Галах во меѓувреме соопшти дека разговорите со Иран ќе се одржат во вторник во Рим. Засега не се наведуваат причини за оставката на Лариџани.