1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Лариџани поднесе оставка

*

Иранскиот преговарач за атомската програма на оваа земја, Али Лариџани поднесе оставка од функцијата. Портпаролот на владата во Техеран изјави дека оставката на Лариџани ја прифатил претседателот Махмуд Ахмадинеџад. За негов наследник веќе е именуван вицепремиерот Саид Џалили. Во текот на наредната недела тој треба да се сретне со ЕУ претставникот Хавиер Солана. Засега не се наведуваат причини за оставката на Лариџани.