1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Лаптоп за 100 долари

Американската иницијатива на шефот на реномираниот „Институт за технологија во Масачусетс„ Николас Негропонте, оваа мисија има намера да ја спроведе со дело.

default

Секое дете со свој лаптоп, така и до побрз развој

Апаратот наликува на компјутер-играчка од стоковните куќи: ништо што може да се подразбере под сериозен лап-топ, а сепак е подобар. Оваа невообичаеност по неколку недели треба да влезе во производство, а тајванската фирма што ќе го прави – „Кванта„, тврди дека почетното количество ќе изнесува од повеќе милиони парчиња.

Во, „Кванта„ знаат за што зборуваат, бидејќи тука се произведува секој трет лаптоп во светот. Тоа што сега ќе се произведува еден вид играчка, пред неколку години не беше замисливо. Идејата дојде од САД, и се разбира дека не станува збор за играчка. Тогашниот шеф на „Институтот за технологија во Масачусетс„, Николас Негропонте разви идеја за нов метод на учење што се потпираше врз принципот „ лаптоп за секое дете„. Негропонте и неговите соработници, кои за таа цел основаа организација, сметаат дека знаењето може да се пренесува како и секоја елементарна работа без посебно образование. Компјутерите преку игра да можат да го пренесуваат знаењето. Лаптоповите на децата можат да им бидат делени од владите како учебници и да бидат ефтини. Идејата „лаптоп за 100 долари„ беше родена. Николас Негропонте:

„60 проценти од трошоците за нормалните лаптопови одат во продажбата, маркетингот, фирмите и добивките. Ние намаме ништо од тоа„.

Се разбира, компјутерот мораше да биде и поедноставен од нормалниот. Најважни се екранот, тастатурата, процесорот и поврзувањето во Интернет. Брзината не игра посебна улога, а хардверот сосем отпадна во полза на таканаречена „Флеш„ – меморија. Ќе нема ниту други додатоци што се скапи – во апаратот ќе нема софтвер: процесорот ќе го прави АМД, погонот е „Линукс„, програмите се мали и скоро сите бесплатни.

Никакво чудо што концерните како Мајкрософт и Интел најнапред скептично го посматраа концептот, но во меѓувреме Интел се вклучи, а шефот на Мајкросфт, Бил Гејтс лично е одушевен од ефтините училишни лап-топови. Во тест-фазите на проектот, екипа веќе беше во Камбоџа. Негропонте вели:

„Во Камбоџа, во село во кое нема ниту струја, вода, никаков телефон, но на децата таму прв англиски збор им е „Гугл„. Никогаш не слушнале за телефонија, но користат само „скајп„, односно имаат пристап до сиганл кон интернет. Навечер дома родителите се одушевени, зашто кога ќе го отворат лап-топот тој е најсветлиот извор во домот„.

Во меѓувреме, во проектот се вклучи цела низа фирми, а е поддржан и од други стопански бранши и од политиката. Вклучени се дузина држави од кои има порачки во големи бројки, на пример од Нигерија.

Цената од 100 долари ќе биде достигната нешто подоцна кога ќе се обезбеди пораст, а првите лап-топови ќе бидат поскапи за околу 50 проценти. Ваквите лап-топови не се планираат за нормални корисници. Негропонте е убеден во успехот на проектот:

„До крајот на мојот живот ќе се грижам за проектот лап-топ за секое дете. Всушност, тоа веќе го правам„.