1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ламерт бара стопирање на проширувањето на ЕУ

Претседателот на Бундестагот Норберт Ламерт смета дека ЕУ засега не е способна за проширување. Хрватска не била „очигледно зрела за пристап“. Германската влада меѓутоа опстојува на датумот за оваа држава од Балканот.

„Имаме да завршиме толку итни задачи за консолидирање на заедницата, што не би требало повторно да и’ дадеме предност на амбициозноста за проширување наместото на неопходната стабилизација“, изјави претседателот на германскиот Бундестаг Норберт Ламер за весникот „Велт ам Зонтаг“.

Во контекст на искуствата со Бугарија и Романија, политичарот од редовите на ЦДУ предупреди од брз пристап на Хрватска во ЕУ, која според моменталните планови треба да стане 28-ми полноправен член на Европската унија на 1. јули 2013. година. Земјите наследнички на поранешна Југославија имаат перспектива за пристап, но самите мора да ги создадат предусловите за пристап во Европската унија, смета претседателот на германскиот парламент. „Притоа добрите намери не треба да го заземат местото на докажаните промени.“

Сомнежи и во Бундестагот

Комисијата на ЕУ во извештајот објавен минатата среда констатираше големи недостатоци при спроведувањето на реформите. Комесарот за проширување Штефан Филе особено се заложи за исполнување на десет задачи, кои делумо имаат голема тежина. Како на пример да се оспособи администрацијата за спроведување на законите на ЕУ. Исто така мора да бидат надминати слабостите во правосудниот систем, при борбата против корупцијата и заштитата на границиите.

EU Kroatien EU-Gipfel hat den Weg für einen Kroatien Beitritt 2013 frei gemacht

Пролетта 2013 Хрватска треба да стане 28 земја членка на ЕУ

Во Бундестагот во меѓувреме расте сомнежот дека оваа балканска земја ќе биде примена во ЕУ во планираниот термин. Повеќе пратеници предупредија дека со оглед на големите недостатоци стои под знак прашање неопходната ретификација од страна на парламентот пролетта 2013. година. „Прво Хрватска мора да ги исполни условите, потоа може да следи ратификација“, изјави политичарот од СПД, Михаел Рот. „Доколку и наредниот извештај на Комсијата на ЕУ биде многу критичен, тоа би можело да стане проблематично“, изјави неговиот колега од ЦДУ Михаел Штибген.

Претходно претседателот на Комисијата на Бундестагот за Европа Гунтер Крихбаум од ЦДУ нагласи: „Во моментов земјата не е подготвена за прием“. Во весникот „Заарбрикер цајтунг“ тој дополни, дека за владата во Загреб „нема непобитна гаранција“ за планираниот термин.

Германската влада верува во приемот на Хрватска

Германската влада и Зелените сепак не сакаа да се приклучат кон скептичните оценки: „Уверени сме дека Хрватска може да успее во предвидениот временски рок“, изјави портпаролот на владата Штефен Зајберт во Берлин.

Напролет наредната година Комисијата на ЕУ треба да поднесе нов меѓу извештај за подготовките на Хрватска за прием во ЕУ.

АТ/ афп/ дапд/ дпа/ ртр