1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ламбринидис: Поплаки до Клинтон за тврдиот став на Скопје

Министерот за надворешни работи на Грција , Ставрос Ламбринидис пред државниот секретар на САД, Хилари Клинтон се пожалил на потврди ставови од страна на Скопје во спорот за името.

default

Грчкиот министер за надворешни работи Ставрос Ламбринидис

Атина е се’ повеќе загрижена од се потврдите ставови на Скопје во спорот со името, рекол шефот на грчката дипломатија Ставрос Ламбринидис на вчерашната средба со американскиот државен секретар Хилари Клинтон, јави агенцијата АМНА.
Ламринидис посочил дека Грција е страната која има желба за решение.

„Во врска со прашањето за името Македонија, министерот ја нагласи
загриженоста на Атина во врска со стврднувањето на ставовите на Скопје во
врска со ова прашање, што покажува дека не ја споделува желбата на Грција да
се изнајде решение на спорот до името“, јави АМНА по средбата Ламбринидис –
Клинтон.

Клинтон и Ламбринидис генерално разговарале за финансиската ситуација во Грција, но исто така зборувале и за Балканот каде го отвориле прашањето за односите меѓу Атина и Скопје.

Спорот со името не беше споменато во официјалните изјави пред заедничката
средба.

Автор:СН/БГ/макфакс

Редактор: Симе Недевски