1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Лама го осуди насилството и ја поддржа Кина

По зачестените напади, патот на олимпискиот оган, тибетскиот водач Лама повика на прекин на насилството и и даде поддршка на Кина. Се зголемува бројот на земји кои бараат бојкот на отворањето на Олимпијадата.

default

Далај Лама

По повеќедневните антикинески протести и насилства кои го следеа патот на олимпискиот оган низ светот, а беа во знак на поддршка кон Тибет, денеска се огласи тибетскиот водач Далај Лама. Предупреди од нови протести и’ и даде поддршка на Кина како домаќин на Олимписките игри. Сепак, ги отфрли обвинувањата од кинеските власти дека зад немирите и нападите стојат негови поддржувачи:

„По немирите во Лондон и Париз, на Тибетанците кои живеат во Сан Франциско им упатив јасна порака да не преземаат никакви насилни активности. Но, тие секако имаат право да си ги искажат чувствата. Никој нема право да ти каже, замолчи.“

Рог: олимпиското движење е во криза

Првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет Жак Рог изјави дека поради последните настани олимпиското движење е во криза и побара од Кина да го исполни барањето на демонстрантите за почитување на човековите права во земјата. Одговорот од Пекинг е дека Рог треба да ја остави политиката настрана од Олимпијадата. Во меѓувреме се зголемува бројот на политичарите коишто најавуваат бојкот на отворањето на игрите во Пекинг.

ЕП бара бојкот на свеченото отворање

Во денешното соопштение од Европскиот Парламент се препорачува делегациите од земјите на ЕУ да не патуваат на церемонијата закажана за 8 август, ако во меѓувреме не се воспостави дијалог меѓу Кина и Тибет. Европарламентарецот Џо Лајнен аргументира:

„Тешко можам да си замислам одржување спортски натпревари, ако во околина на спортските борилишта се кршат човековите права. Тоа во крајна линија им штети и на Олимписките игри и на големата идеја којашто стои зад нив“. Кина пак денеска објави и вест дека уапсила 35 лица под сомневање дека планирале терористички акции и киднапирање на Олимпијци, новинари и сл. Групата наводно планирала и бомбашки напади во главниот град и други места низ земјата.