1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Л’Аквила - судски казни за науката

Шест научници во Италија се осудени поради неуспехот да ги предупредат жителите на Аквила за катастрофалниот земјотрес во 2009 година. Дали се тие жртвени јагниња?

Земјотресот во Аквила се случи на 6. април 2009 година, со интензитет од 6,3 степени на Рихтеровата скала. Земјотресот, во кој загинаа 309 лица и го уништи малиот средновековен град, беше најголем од серијата потреси кои го погодија планинскиот регион Абруцио во централна Италија со месеци. Претходниот земјотрес со јачина од 4 степени, на крајот на март 2009, ги собра членовите на Комисијата за високи ризици заедно да го проценат ризикот за жителите на регионот и да проценат дали треба или не да биде спроведена масовна евакуација.

Шест члена од комисијата, сите еминентни научници и сеизмолози, како и екс- владиниот преставник, Бернардо де Бернадинис, беа дадени на судење во обид да се открие кој е одговорен за смртта и уништувањето предизвикано од земјотресот.

Во понеделникот, малку повеќе од година од кога започна судењето, на главниот судија Марко Били му требаа повеќе од 4 часа да ја прочита пресудата со која седуммината се казнети на 6 години затвор, добиваат забрана да извршуваат каква било јавна функција и треба да исплатат голема отштета на жртвите од земјотресот и нивните семејства.
Седуммината беа прогласени виновни за повеќекратно убиство, откако беа обвинети за давање на „лажни смирувачки пораки“ на населението пред земјотресот во април. Сведоците на судењето тврдеа дека нивните роднини решиле да не ги напуштат своите куќи пред земјотресот бидејќи биле уверени од страна на комисијата дека голем земјотрес е неверојатен, иако не и невозможен.


Еден од научниците, Енцо Боски, сеизмолог и поранешен директор на италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија, кажа дека тој се’ уште е „збунет за што точно е осуден“. Говорејќи за италијанскиот национален весник, „Кориере дела сера“, тој додаде дека „отсекогаш тврдел дека земјотресите е невозможно да се предвидат“ и дека сеизмолозите биле посочени за виновници бидејќи тие биле „најслабата алка во синџирот на командата“.
Боски предизвика „некој да најде писмена или усна изјава каде што тој пред земјотресот ги уверувал луѓето дека нема опасност“ , бидејќи како што рече, тој не го сторил тоа. Уште еден од осудените, Бернардо де Бернадинис, изјави дека тој е „невин пред Бога и неговите ближни“, но ќе ја прифати конечната пресуда од италијанскиот суд, ако го прогласaт виновен.

„ Чиста лудост“

Научната заедница реагираше со големо разочарување на фактот дека научниците треба да бидат изведени пред суд на овој начин и да се сметаат за одговорени за катастрофа за која експертите се согласуваат дека е невозможно да се предвиди.
5.000 меѓународни научници го потпишаа отвореното писмо до италијанскиот претседател Џорџо Наполитано, во јуни 2010. година пред судењето, во кое се наведува следново: „Очигледно не е фер научниците да бидат кривично обвинети за неуспехот да се дејствува на информации кои меѓународната научна заедница би ги сметала за несоодветни како основа за издавање на предупредување.

Покрај тоа, ние сме загрижени дека подложување на научниците на кривични постапки поради почитување на прифатените научни практики, може да имаат застрашувачки ефект на истражувачите... "
Италијанските политичари исто така ја критикуваа пресудата. Пјер Фердинандо Касини, лидерот на центристичката партија УДЦ , беше цитиран во „Кориере дела сера“ како вели: „ Оваа реченица го означува крајот на државната правда, тоа е чиста лудост". Лидерот на десничарското крило Горниот дом на италијанскиот парламент, Ренато Шифијани, исто така за „Кориере дела сера“ истакна дека „тоа е чудна и многу срамна пресуда. Кој во иднина ќе биде назначен за ваков вид советодавни улоги ќе размисли двапати пред да ги прифати“.
Всушност, Лучиано Мајани, директорот на Комитетот за високи ризици, кој беше назначен во јануари, поднесе оставка како протест на казната. Тој истакна дека во суштина е невозможно да се извршува оваа работа во вакви услови. Уште двајца негови колеги исто така дадоа оставка заедно со него.