1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Лазовски: Доминиканската република не е само Хорфорд

Кошаркарската репрезентација на Македонија, вечерва (06.07), против Доминиканската република ќе го одигра четвртфиналниот натпревар на олимписките квалификации, кои се одржуваат во Каракас, Венецуела.

Македонија ,со пораз од Ангола и победа над Нов Зеланд фазата, по групи ја заврши на првото место во Д-конкуренцијата. Селекторот Лазовски, со верба во квалитетите на својот тим, се надева на продолжување на походот кон Лондон.

„Во првиот натпревар влеговме да играме кошарка, добро отворивме и изгледаше дека се‘ ќе оди според планот. Сепак, Ангола имаше импресивна шутерска вечер, нешто што во нивниот меч со Нов Зеланд потоа видовме дека е далеку од реалност и така го доживеавме првиот пораз. Против Нов Зеланд одигравме многу поагресивно и генерално подобро и на некој начин извлековме поука дека на ваков турнир, со вакво значење и против вакви репрезентации, мораме на секој меч, во било која ситуација, да бидеме максимално сконцентрирани. На овој турнир сме вбројувани меѓу фаворитите и останатите репрезентации не гледаат како мотивација плус за извлекување на најдоброто. Радоста на Русите по победата над Доминикана, која значеше дека не избегнуваат нас во четвртфиналето, доволно говори за тоа“, вели селекторот Марјан Лазовски.

„Играчите се добро физички подготвени што може да се види и на натпреварите, имавме мали проблеми со скок играта во првите две средби, но фокусирано работиме на тоа и верувам дека ќе и тој сегмент ќе биде на највисоко ниво уште во мечот со Доминиканска Република“, продолжи Лазовски.

Научени лекции

Eurobasket 2011 Viertelfinalespiel Mazedonien Litauen

Доминиканска Република до четвртфиналето стигна со победа над Кореја и пораз од Русија. Репрезентацијата која на теренот е предводена од ѕвездата на Атланта, Ал Хорфорд, важи за многу незгодна екипа за секој противник, но селекторот Лазовски, прецизно анализирајќи ја нивната игра, верува во успех и пласман во полуфиналето.

„Доминиканците доста често спуштаат топки под кош до Хорфорд, кој е одличен играч во ситуација еден-на-еден и кога игра со грб и со лице и тој постојано ќе бара таква игра. Досега во тие ситуации игравме без удвојување, но сега треба да ја разгледаме и другата варијанта. Мораме да играме многу агресивно на него, но во исто време мора да внимаваме и на лични грешки на нашите високи играчи кои сочинуваат важен дел од нашата игра. Ќе се сконцентрираме на сопирање на Хорфорд, но Доминиканска Република не е само Хорфорд. Тие имаат повеќе квалитетни играчи, искусен тренер и опасноста доаѓа од повеќе места. Најважна за нас е цврстината на нашата колективна одбрана, не само на центрите, мораме да пристапиме со многу внимание и да бидеме многу агресивни во текот на сите 40 минути. Доминиканска Република форсира брза игра со многу контакт, слично како што беше случај и со Порто Рико во подготовките. Тие натпревари ни беа добра лекција и јас верувам дека ќе успееме до посакуваниот триумф“ заврши селекторот.

Натпреварот помеѓу Македонија и Доминиканска Република е закажан за петок во 23.30 часот по македонско време. Победникот од тој меч, во полуфиналето ќе се сретне со победникот од дуелот помеѓу Литванија и Порторико кој исто така се игра в петок.