1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Лазаров промовиран во Барселона

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров денеска беше промовиран во нов играч на ракоментиот клуб Барселона.

Во конференциската сала во „Палау Блауграна“ македонскиот ракометар Кирил Лазаров даде изјава за шпанските медиуми.

„Пред да дојдам тука тренерот ми говореше што значи Барселона. Од мојот прв ден тука сфатив што значи Барселона, таа е повеќе од клуб. Штом ја добив понудата на Барселона немав дилеми дека тоа е вистинската понуда и веднаш ја прифатив. Бројот 77 го одбрав заради тоа што тој број заедно со бројот 7 е мојот број во целата кариера“, изјави Лазаров.

Тој го спомна и неговиот поранешен клуб Атлетико Мадрид.

„Атлетико имаше и ќе има многу добра екипа. Потпиша со многу добри, млади и квалитетни играчи. Убеден сум дека ќе бидат компетентни. Ако Барселона сака да биде првак ќе мора напорно да работи, ден по ден, за да го совлада Атлетико Мадрид. Разлика во квалитет постои, но Атлетико Мадрид е многу квалитетна екипа и ќе треба да се намачиме да ги совладаме“, рече Лазаров.

За Лазаров да се настапува за голем клуб каков што е Барселона е голема чест, но и обврска за добра работа.

„Ако до сега имав желба, страст за тренинг и натпревари, сега ќе имам уште повеќе. Но, желбите се едно, а реалноста друго. Мора напорно да се работи, а со напорна работа убеден сум дека ќе ги оставарам моите соништа во овој голем клуб“, заврши со своето официјално обраќање Лазаров.