1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Лазаров не доаѓа во Скопје, Металург игра против Динамо Минск

На денешната ждребка во Виена македонскиот ракометен шампион Металург за противник во осмина финалето во Лигата на шампионите го доби белорускиот тим Динамо Минск.

Ракометарите на Металург, кои остварија историски успех со пласманот на второто место во групата Ц во актуелната сезона на Лигата на шампионите за противници во осмина финалето во ги добија ракометарите на Динамо Минск, беше одлучено со ждрепката која денеска се одржа во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Виена.

Белорускиот тим во Лигата на шампиони, во фазата по групи се натпреваруваше во Д групата и во конкуренција на Барселона, Фуксе Берлин, ПИК Сегед, Загреб и Кадетен Шафхаузен, со пет победи, една нерешена и четири порази го освои третото место.

Динамо Минск има една титула во Белорусија (2007), а два пати го освојувал националниот Куп (2005, 2006). Во моментов Динамо Минск, е лидер во белорускиот шампионат, по 14 одиграни натпревари има 12 победи и по еден нерешен резултат и пораз.

Металург и Динамо Минск имаат одиграно еден натпревар, на традиционалниот турнир во Струга во изминатото лето кога победи македонскиот шампион.

Првиот натпревар во Минск ќе се одигра на 16/17.март, а реваншот во Скопје ќе биде на програмата една недела подоцна.

Металург на овоие средби ќе биде ослабен со неиграњето на еден од своите најдобри играчи, Дејан Манасков, кој поради повредата на лигаментите на коленото, веќе ја заврши сезоната. Иако постоеше можност во Скопје да допатува нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров, со неговиот Атлетико Мадрид, сепак ждрепката сакаше тој да се сретне со Фуксе Берлин. Металург го избегна најсилниот можен противник - рускиот Чеховски Медведи, тим кој ќе се сретне со германскиот Кил.

Останатитте oсмина- финални двојки во Лигата на шампиони, Силкеборг-Барселона, Адемар Леон-Веспрем, ПИК Сегед-Киелце, Цеље ПЛ-Хамбург, Чеховски Медведи-Кил , Динамо Минск-Металург, Атлетико Мадрид-Фуксе Берлин Горење Велење-Фленсбург.