1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Лазаров најдобар спортист на Македонија за 2013-та

Ракометарот Кирил Лазаров е избран за најдобар спортист на Македонија во изминатата 2013. година. За најдобра спортистка е избрана ракометарката Билјана Црвенковска.

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е прогласен за спортист на 2013 година. Наградата му ја додели премиерот Никола Груевски на свечената церемонија одржана синоќа (9.01) во Музејот на македонската револуционерна борба, а во организација на Сојузот на спортови на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.

Доминацијата на ракометниот спорт минатата година во нашата земја беше потврдена со уште три победи во деветте категории во кои се доделуваа „Спортските Оскари 2013“.

Најдобрите македонски спортисти, спортски екипи и спортски работници за минатата година беа избрани со гласовите на национални спортски федерации, спортските новинари и стручната комисија при Агенцијата за млади и спорт. Носители на „Спортски Оскар 2013“ по категории се:

Спортист: Кирил Лазаров, капитен на машката ракометна репрезентација

Спортистка: Билјана Црвенковска, капитен на женската ракометна

репрезентација

Национална спортска федерација: Ракометна федерација на Македонија

Селектор: Драган Атанасовски, селектор на кик бокс репрезентацијата

Машки национален тим: Репрезентација на Македонија во куглање

Женски национален тим: Ракометната репрезентација на Македонија

Млад спортист: Берат Јакупи, карате репрезентативец

Млада спортистка: Лина Ѓорческа, македонска тенисерка

Најдобар спортист меѓу лицата со инвалидитет: Андреј Стојановски, пливање