1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Лазаров: Игравме како голема репрезентација

Македонската ракометна репрезентација синоќа во Ниш со шест гола разлика ја победи Чешка и обезбеди пласман во следната фаза од Европското првенство што се одржува во Србија.

default

Ракометарите заслужено славеа

Македонските ракометари во текот на натпреварот кој заврши со резултат 27:21 покажаа силна и борбена игра и во поголемиот дел од дуелот резултатот беше во корист на „црвено жолтите“.

Најефикасен играч во македонскиот состав беше капитенот Кире Лазаров со постигнати седум гола, а на спротивната страна Филип Јиха успеа да поентира пет пати.

По мечот, капитенот Лазаров повика да не се создава еуфорија.

„Можеби резултатот не кажува така, но ова беше тежок меч за нас. Исто така, ова е и огромен успех. Не само што ја добивме Чешка, туку и против Шведска и против Германија покажавме дека можеме да им парираме. Ме радува нешто друго – не се посрамотивме ниту еднаш, игравме како голема репрезентација, и тоа трет меч по ред“, рече Лазаров.

Ракометарите, како и селекторот Ѕвонко Шундовски по мечот изјавија дека жалат што во следната фаза од првенството одат со само еден бод.

„Со оглед на околностите, жал ми е што одиме со еден бод, требаше да одиме со три, но тоа е спортот. Сè што е лошо оставаме зад нас, сега гледаме само напред“, вели селекторот.

На првото место во групата Б на Европското првенство е Германија со четири бодови, потоа следуваат Македонија и Шведска со по три, додека репрезентацијата на Чешка отпадна со два бода.

Во следната рунда, веќе в сабота, противник на македонскиот тим е Данска. В понеделник е дуелот против Полска, а последниот меч е в среда против домаќинот Србија.

Автор: АТ/БГ/миа

Редактор: Ж.Ацеска