1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Лазаров во Шпанија до 2014. година

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров и во наредните две сезони ќе настапува во шпанскиот клуб Атлетико Мадрид.

default

Кире Лазаров во акција

Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров му останува верен на врвниот шпански клуб до 2014. година. За еден од најдобрите светски играчи на десната бековска позиција беше заинтересиран и бундеслигашот Хамбург, но Лазаров одлучи да продолжи да настапува за својот сегашен клуб.

Како најголема причина да ја одбие високата финансиска понуда од Германците, Лазаров го наведува останувањето на тренерот Талант Душебаев на чело на шпанскиот тим.

„Јас ќе дадам најдобри перформанси како играч, ја ценам довербата која во мене ја имаат и тренерот и управата. Привилегија и чест е да се работи со Душебаев. Мислам дека ќе освоиме уште многу титули и ќе покажеме многу добри игри во иднина. Ние сме како една голема фамилија, имаме искусни играчи и одиме кон нови успеси. Не се двоумев околу продолжување на договорот со ’црвено-белите’“, изјави Лазаров за официјалната интернет страница на Атлетико Мадрид.

Автор: СН/ АТ/ миа

Редактор: А. Трајковска