1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Лажни трепки, накит и долна облека во боите на репрезентацијата

ЕП во фудбал не носи само добри натпревари, голови, победи и разочарувања. Првенството донесе и специфична мода, карактеристична за навивачите на сите тимови.

default

Дрес, шал со знак од сопствената репрезентација и свирчиња или други помагала за нешто за правање бука - тоа е стандардната опрема којашто ја имаат навивачите на Европското првенство. Но, сега за фановите се нудат многу повеќе модни детали и тоа од глава до пети. Речиси е задолжителна специјална шминка за лицето да биде обоено во боите на националниот тим.

EURO 2008 Schweden Russland Fans Innsbruck

Најновото на пазарот се долги лажни трепки, исто така во боите на оние за кои навивате. Германските навивачи веќе ги носат оние во црвено-црно-златна комбинација. Годинава се оди и уште подалеку - бојадисување на косата. Еден Италијанец на пример има тробојка, па вели: „Гледате - зелено, бело и црвено, како знамето“.

Така, веднаш ќе ги препознаете холандските навивачи чии коси се бојадисани во портокалово, а француските имаат сино-бела комбинација. Во тренд на Европското првенство секако е и црвената боја - разбирливо поради домаќинот Австрија. Во една од продавниците во кои се нудат производи за навивачите со секоја победа на австрискиот тим нудеа попуст. Дури и по нерешениот меч со Полска: „Црвено - белите производи сега се намалени за 30 проценти.

EURO 2008 Schweden Russland Fans Innsbruck

Се надеваме на добар профит“, вели сопственичката на продавницата. Патриотизмот во Австрија ги надминува сите граници. Се продава дури и долна облека во знакот ЕП и националниот тим.

„Има различни модели. Сите се во црвено-бела боја и на нив пишува „Го сакам ЕП 2008“, или „Голгетер“ или „Голгетерка“. Ако некој е вистински фудбалски фан едноставно мора да ги има“, вели продавачката во продавницата за долна облека.

Турканиците пред гардеробите докажува дека интересот е навистина голем. Секако се продаваат и понеутрални производи, како маички за жени, на пример со натпис - селектор, а има и голем избор на накит во знакот на ЕП.

„Имаме се’ - од синџирчиња со фудбалчиња, до привезоци, обетки, прстени, алки и брошеви.“

Fans Frankreich

За земјите фаворити меѓиу кои се вбројуваат Португалија, Холандија и Германија, во виенските продавници може да се најдат и национални знамиња во сите големини. „Знаме мора да има секој. Тоа е задолжително“, вели сопственичката на продавницата.

И секако за сликата да биде потполна, навивачите мора да имаат и добар глас, за да може силно да ја поддржуваат својата репрезентација. Тоа е најважниот детал, кој не може да се купи.