1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Лажните азиланти остануваат проблем

Известувачот на ЕП за визна либералзиација Тања Фајон, повторно предупреди на проблемот на лажни азиланти и на опасноста дека поради тоа може да биде суспендиран безвизниот режим.

Три години по воведувањето на безвизниот режим за Србија, Македонија и Црна Гора, шест земји на ЕУ и потписници на Шенгенскиот договор - Германија, Франција, Белгија, Луксембург, Холандија и Шведска - побараа во октомври, во случај на злоупотреба, да се укине на безвизниот режим за земјите од Западен Балкан.

Претставници на Европскиот совет, Комисијата и Парламентот вчера не успеаја да се договорат околу механизмот за суспензија на безвизниот режим.

„Тоа беа тристрани преговори за Шенген зоната и азилантите. Ги приближивме ставовите, но би било подобро ако Советот беше малку пофлексибилен“, објави вчера еврокомесарката Сесилија Малмстром на микроблогот, без да објави повеќе детали.

И Тања Фајон денеска (19.12.2012) наведе дека нема единствен став меѓу членките на ЕУ.

„Вчера имавме расправа во Советот и отфрлен е предлогот на ЕП. Нема договор, што значи дека најверојатно ќе почне втор круг преговори во следната година. Зависи колку ќе трае целата постапка. Не очекувам дека брзо ќе најдеме некое решение, бидејќи нашите ставови се различни“, рече таа.

Предупредувајќи оти опасност постои, бидејќи механизмот би требало да биде усвоен следната година, таа изрази надеж дека безвизниот режим ќе остане во сила.