1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Лагите на полиграфот: дали детекторот за лаги може навистина да открие лага?

Детекторите за лаги се машини кои и‘ одговараат на полицијата. И ги користат... на телевизија. Но дали полиграфите, анализата на гласот и скенирањето на мозокот го прават тоа што го ветуваат?

Како би реагирале кога би ве прашале дали сте го убиле вашиот сосед и сте го закопале под розите во вашата градина? Дали ќе почнете да се потите или ќе ви трепери гласот? А активноста во вашиот мозок? Судејќи по бројни криминалистички серии на телевизија, вашето тело сигурно ќе направи нешто што секој искусен детектив ќе го процени како знак дека лажете - без разлика како ќе одговорите.

И ако детективот испушти некој од сигнализирачките знаци - можете да бидете сигурни дека обичен детектор за лаги или полиграф ќе ги открие. Тоа е всушност целта.

Детектор за лаги или полиграф мери реакции на телото, како спроводливост на кожата, чукање на срцето и крвен притисок.

Не може само по себе да каже дали лажете или ја кажувате вистината - трикот е во тоа како реагирате на различните прашања што ви ги поставуваат.

Ќе бидете прашани контролни прашања - прашања на кои вашиот испитувач го знае одговорот- помешани со значајни прашања за тоа што сте осомничени.

Прашањата се направени за да ве поттикнат да лажете.

Мошне контроверзно

Russischer Polizist Lügendetektor

Детектор за лаги или полиграф мери реакции на телото

Во САД вообичаено полиграфите се користат во комбинација со техника на контролни прашања. Некои владини агенции ги користат дури и да ги проверат кандидатите за работа.

Но методот е мошне контроверзен - многу научници велат дека не е веродостоен.

„Класичните детектори за лаги мерат колку е некој возбуден“, вели Џон-Дилан Хајнс, директор на Берлинскиот центар за напредна невровизуелизација. „И тие се многу прецизни. Но може да се научи како да се измами и полиграф“.

Страв, бес и изненадување може да влијаат како реагира некоја личност.

„Некој што е невин може да реагира исто на прашањата за убиство како и виновна личност“, вели Ханс-Георг Рил, авторизиран експерт за форензика во Мајнц.

И има причина зошто методот не е легален во Германија.

Сѐ е во прашањата

Испитувачите ги комбинираат полиграфите со друга стратегија, таканаречениот тест за вина од сознанието.

Во тестот за вина од сознанието, испитувачот го соочува осомничениот со прашања и неколку можни одговори.

На пример, може да праша: „Како беше убиен господин Смит? Дали беше застрелан, задавен, избоден или отруен?“

Испитувачите се тренирани да веруваат дека кога осомничениот покажува силна реакција на точните одговори, знае повеќе за злосторството отколку што кажува. Може да биде протолкувано и како знак дека бил вмешан во злосторството.

„Полицијата во Јапонија користи полиграфи и тест за вина од сознанието многу интензивно и успешно“, вели Рил.

Но технологијата не може да открива лаги - само предлага дека знаете повеќе отколку што признавате.

Скенирање на мозокот за лаги

Со скенирање на мозокот, истражувачите велат дека можат да откријат каде почнуваат лагите.

Lügendetektor an Mainzer Universität

Матијас Гејмер

Тие бараат делови во мозокот кои се активираат кога лажете - но кои се мирни кога ја зборувате вистината.

Функционалната магнетна резонанца за обработка на слики (фМРИ) може да открие кои делови на мозокот конзумираат најмногу кислород во кое било време и поради тоа се најактивни. Но тоа не е едноставно, вели Матијас Гејмер, невролог од Универзитетскиот медицински центар во Хамбург-Епендорф.

„Нема дел во човечкиот мозок кој е конкретно поврзан со лажењето“, вели тој.

Ова не ги спречува некои компании како „Нема лага со МРИ“, да нудат скенирање на мозокот за комерцијална употреба.

„Оваа технологија е првата и единствената мерка за откривање на вистината и детекција на лаги во човечката историја!“, тврди компанијата на нејзината веб страница.

Но, Хајнес се сомнева дали прозводот го исполнува ветувањето.

„Сегашните методи за скенирање на мозокот не се погодни за откривање на лаги“, вели Хајнес. „Затоа се сомневам во секоја компанија која нуди таква услуга“.

Гласот ве издава

Исто така може да најдете софтвер за кој се вели дека детектира лаги со анализа на гласот. Софтверот анализира висина, фреквенција, интензитет и микро треперења, извлекувајќи заклучок под колкав стрес е тој што зборува. Но, дури и за ова, се скептични научниците.

„Ние спроведовме научна програма за овие програми“, вели Гејмер, „и тие не функционираа“.

Андерс Ериксон од универзитетот во Гетеборг и Франциско Ласерда од универзитетот во Стокхолм отидоа чекор подалеку во 2007, пишувајќи дека „овие машини функционираат по случајност. Со оглед на тоа дека основните принципи не се научно докажани оправдано е да се гледа користењето на овие машини како измамувачко“.

„Да се направи разлика помеѓу вистината и лагата е тешко“, вели Гејмер, инсистирајќи дека нема едноставна технологија која може да оствари таква тешка задача.

Ханс-Георг Рил, сепак, вели дека тој може да го направи тоа без технологија. Негова задача е да го процени сведочењето на сведоците во суд.

Bilder des Gehirns verraten Alter des Menschen

Скенирањата на мозокот може да станат иднина на технологијата за откривање на лаги

И тоа го прави анализирајќи ја содржината на тоа што го кажуваат сведоците.

Рил вели дека има вообичаени лингвистички модели, како и во приказната, кои можат да одредат дали некој лаже или не.

„Сведокот може да открие повеќе детали за некој настан што го доживеал отколку за некој што го измислува“, вели тој.

Сведокот може да чувствува вина или да се обидува да ја намали сериозноста на злосторството.

Рил вели дека неговата работа „нема никаква врска со интуиција“.

Но во секојдневниот живот најверојатно е подобро да се потпирате на интуиција. Може да е многу поверодостојно од технологијата, плус е поевтино.