1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Лагард е позагрижена за Африканците, отколку за Грците

Очигледните разлики меѓу Франција и Германија за тоа како да се реши должничката криза во Европа „во голема мерка се преувеличени“, изјави шефицата на ММФ, Кристин Лагард. Таа ги повика Грците да си ги платат даноците.

IMF Managing Director Christine Lagarde delivers remarks at a Banque de France panel on financial stability review during the semi-annual meetings of the IMF and the World Bank in Washington, April 21, 2012. REUTERS/Jonathan Ernst (UNITED STATES - Tags: POLITICS BUSINESS) // Eingestellt von wa

IWF / Christine Lagarde / Internationaler Währungsfonds

Кристин Лагард изјави дека е повеќе загрижена за Африканците во Субсахарска Африка отколку за сиромаштијата што ги погаѓа Грците поради економската криза.

„Кога станува збор за Атина, јас исто така размислувам и за оние луѓе кои цело време се обидуваат да го избегнат плаќањето данок“, забележа Лагард во интервју за британскиот весник Гардијан, кое беше објавено на интернет.

Заглавена петта година по ред во рецесија, Грција се бори да ги примени мерките за штедење за да одговори на заемите на ЕУ и ММФ. Прашана за децата што се погодени од кризата, Лагард вели:

„Нивните родители треба да си го платат данокот. Јас повеќе мислам за малите дечиња во училиште во мало село во Нигерија, кои добиваат настава само два часа во денот, делејќи една столица меѓу три деца и кои имаат голема желба да се стекнат со образование. Цело време ги мислам нив, затоа што мислам дека тие имаат потреба од поголема помош отколку луѓето во Атина“.

Прашана за затегнатите односи меѓу Париз и Берлин и дали не треба да се крева паника поради тоа, Лагард вели: „Јас така мислам. Јас мислам дека тоа во голем дел е преувеличено“.

Во јавноста наголемо се зборува за зголемени разлики меѓу францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел, откако францускиот лидер ја презема власта по изборите на почетокот од месецов.