1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Лавров е задоволен од разговорите со Асад

Сирија, според руски наводи, е подготвена на нова мисија на Арапската лига со значително повеќе набљудувачи за да се стави крај на насилството кое беснеее во земјата.

default

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска (07.02.2012 ) Дамаск изјави дека сирискиот претседател Башар ал-Асад и натаму е за одржување референдум околу нов устав. Асад го слушна сигналот од Москва и е заинтересиран за крај на кризата, рече Лавров.

Русија, која има право на вето во Советот за безбедност на ОН, заедно со Кина пред два дена ја отфрли резолуција насочена против режимот во Дамаск и со тоа предизвика огорченост во светот. Инаку, трупите на сирискиот претседател Башар ал-Асад и денеска продолжуваат со напади врз упориштето на протестите, градот Хомс. Борци за човекови права и активисти соопштија дека бомбардирањето е концентрирано врз квартот Баб Амро.

Russlands Außenminister Sergei Lawrow in Syrien

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и сирискиот претседател Башар ал Асад

И Франција го повлече амбасадорот од Дамаск

Франција поради насилството во Сирија го повлече на консултации својот амбасадор во таа земја. Амбасадорите ги повлекоа и САД, Велика Британија и Италија, како и земјите од Заливот - Бахреин, Кувајт, Оман, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Земјите од Заливот побараа и од сириските дипломати да се вратат во Сирија.

Турција пак најави дека подготвува нова иницијатива со земјите кои се против режимот на сирискиот претседател Башар Асад по неуспехот за прифаќање на резолуцијата во ОН против Дамаск.

Ова денеска го изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, а ветото на Русија и Кина на резолуцијата го оцени како "фијаско".

Најмалку 400 деца убиени во Сирија

Денеска пак Фондот на ОН за децата (УНИЦЕФ) пак објави дека најмалку 400 деца се убиени во Сирија од почетокот на бунтот против режимот на претседателот Башар ал Асад во март минатата година.

Според податоците, со кои располага УНИЦЕФ, декември бил најжестокиот месец за децата во Сирија, изјави портпаролката на УНИЦЕФ Марикси Меркадо.

Постојат извештаи за деца кои се апсени, измачувани и сексуално малтретирани при нивното заробување, додаде таа.

Автор:ЕМФ/СН/дпа/дапд/ртр/миа/мф

Редактор: Симе Недевски