1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Лавина затрупа седиште на пакистанската војска

Лавина затрупа околу 130 пакистански војници во делот од Хималаите во земјата, информираше анонимен извор од пакистанската армија.

Инцидентот се случи рано утрово во регион Сиачен, околу кој владее спор меѓу Индија и Пакистан уште од 1982 година, кога властите во Делхи испратија трупи за да ја окупираат областа. Седиштето на баталјонот на пакистанската војската, кое е потрупано од снежната лавина, е дел од поделената област Кашмир.

ARCHIV Siachen Gletscher Pakistan 130 Soldaten von Lawine verschüttet

Местото е на 6.000 метри надморска височина и претставува ничија земја

„Започнавме спасувачка акција со хеликоптери, а експерите веќе пребаруваат“, изјави анонимниот извор од пакистанската армија. Судбината на војниците и на помошниот персонал за сега е непозната. Неколку пакистански телевизии претходно информираа дека лавината затрупала 150 војници. Затрупаните лица се бараат и со кучиња трагачи

Во поделената област се проценува дека бројот на индиски и пакистански трупи се движи помеѓу 10.000 и 20.000 војници. Експертите тврдат дека на местото, кое е ничија земја и е на висина од 6.000 метри, лошата клима и теренот склон на лавини однеле повеќе човечки животи отколку пукањето меѓу двете закарани страни.