1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Лабуристите во коалиција со десничарите

Отпорот во Работничката партија беше голем, но претседателот Ехуд Барак успеа да се наметне. Коалицијата предводена од Бенјамин Нетанјхау, шеф на Ликуд, сега има мнозинство во парламентот и може да формира влада.

default

Спорна коалиција: Ехуд Барак и Бенјамин Нетанјаху

По објавувањето на резултатот од гласањето на вонредниот конгрес на израелските лабуристи, идниот премиер Бенјамин Нетанјаху, како што извести израелското радио, по телефон му честитал на Ехуд Барак. Лидерот на лабуристите енергично се залагаше за сојуз со Ликуд, велејќи дека мнозинство од луѓето во Израел сака Работничката партија да пристапи во владата, а тоа го сака и мнозинство од нејзиното избирачко тело. На внатрепартиските противници на таквата коалиција, предводени од нејзиниот генерален секретар Ејтан Кабел, Барак им порача: „Не сум десничар, не се плашам од Нетанјаху. Нема да служам како маска за владата, ниту ќе бидам приврзок. Ние ќе бидеме противтежа, што ќе придонесе да немаме тенка десничарска влада, туку вистинска влада која ќе се грижи за државата Израел“. Барак уште нагласи дека не брка никаква функција, оти веќе бил премиер, министер за надворешни, за внатрешни работи и за одбрана, како и началник на генералштабот на армијата.

Лабуристите - „петто тркало на возилото“ во идната влада

Avigdor Lieberman Beitenu Partei

Екстремниот десничар Авигдор Либерман треба да биде министер за надворешни работи во новата влада

Противниците на досегашниот и веројатно и иден министер за одбрана, пак, му префрлуваат дека од егоистични цели за лично учество во власта, ја поведе партијата на страната на десничарско-националната влада на Нетанјаху. Згора на тоа, Барак и самиот, по изборниот пораз со најлош резултат во нејзината историја, на 10-ти февруари јавно изјави дека партијата ќе оди во опозиција.

Пратеничката во Кнесетот, Шели Јацимович, во емоционалниот говор нагласи: „Во таа влада ние стапуваме како петто тркало на возилото, како опашка што се мафта - ништо повеќе. Тоа е влада на Нетанјаху, Либерман, Шас, со директиви од тие партии, не со наши директиви“. Таа оцени дека коалициониот договор, за кој се усогласија Нетанјаху и Барак, залажува: во него можат да се најдат многу добри намери, но Работничката партија не ќе може да спроведе ништо од тоа во десничарско-национална влада.

Со приклучувањето на Работничката партија, коалицијата на Нетанјаху има 66 од вкупно 120 пратенички места во парламентот - Кнесетот. Во неа уште се и екстремнодесната партија на доселениците „Нашиот дом Израел“, чиј претседател Авигдор Либерман треба да биде министер за надворешни работи, потоа ултраортодоксната партија Шас, и се разбира, Ликуд.


Автор: Клеменс Ференкоте / З. Јордановски

Уредник: Т. Тосев

DW.COM