1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

КФОР со засилени патроли на Косово

КФОР објави дека денеска засилено патролираат на Косово, откако вчера беше објавен во јавност конечниот планот на специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари кој предлага независност на покраината, набљудувана од меѓународните сили. Косовските власти оценија дека ова е историски момент за граѓаните во Косово и се надеваат дека СБ ќе го прифати предлогот без одолговлекување. За Белград независност е неприфатливо решение. И Русија повтори дека е против предлогот и дека се залага за продолжување на преговорите. САД, ЕУ и НАТО го поддржаа предлогот на Ахтисари кој според нив ќе придонесе кон стабилноста на регионот и за иднината на Косово.