1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кучињата лаат, НСА си тера по свое

И покрај жестоките критики, американската тајна служба НСА најверојатно продолжува со своите активности во Германија. „Мителдојче цајтунг“ пишува дека во близина на Визбаден се гради центар за прислушување.

Претседателот на Сојузната разузнавачка служба (БНД), Герхард Шиндлер, пред парламентарата комисија за внатрешни рбаоти потврдил дека се гради ваков центар. Претходно, магазинот „Шпигел“ веќе пишуваше за плановите на НСА, според кои, во Визбаден се проширува главниот штаб на американската армија во Европа, во кој ќе има и хај-тек контролен центар, вклучително канцеларии за прислушување. Од центарот НСА треба да шпионира електронска пошта и телефонски разговори.

Досега се познати три локации на НСА во Германија - Штутгарт, каде се наоѓа европската канцеларија на тајната служба, Дармштат, од каде оперираат агентите на Информативно-безбедносниот центар и Визбаден, каде е европскиот главен штаб на американската армија, а кој сега се проширува. Вчера беше обелоденета информација дека покрај досега познатата програма за надгледување „Призма“, можно е да постои уште еден систем со истото име.

Американски пратеници ја критикуваат НСА

Во меѓувреме и во САД се‘ повеќе расте отпорот против надгледувањето и прислушувањето на граѓаните. Во текот на сослушувањето во Комисијата за правда на Претставничкиот дом, пратениците, и од редовите на демократите и од редовите на републиканците, ги ставија под притисок соработниците на тајните служби и претставницте на Министерството за правда со своите остри прашања. Повеќемина политичари изјавија дека собирањето

USA Hauptquartier NSA Fort Meade

Главното седиште на НСА во Форт Мид

телекомуникациски податоци од милиони граѓани е противзаконско. „Сигурен сум дека оваа програма го напуштила патот на легалност“, рече деморкатската пратеничка Зои Лофгрен. Нејзиниот партиски колега Џон Кониерс прислушувањето го нарече „скандалозно“.

Високи претставници на американската влада ја бранеа програмата пред Комисијата за правда. Заменикот министер за правда, Џејмс Кол, рече дека е убеден оти активностите на НСА го задржуваат „балансот меѓу заштитата на националната безбедност и заштитата на приватната сфера и граѓанските слободи“.