1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Куфери исчезнуваат мистериозно на аеродромите

Секој ден на аеродромите во светот се губат околу 90 илјади парчиња багаж. Годишно еден милион куфери неповратно тргнуваат во насока во која не оди нивниот сопственик.

default

Кој каде ќе стигне? Патници чекаат на авион во Минхен

„Доколку вашиот багаж не е дојден на местото каде сте патувале, Ве молиме веднаш известете ја Службата за загубен багаж.“ Ова секако е реченица која не би сакале да ја слушнете, а уште помалку би се радувале, пополнувајќи записник наречен „Извештај за нерегуларности со багажот“. Тоа би значело дека вашиот куфер тргнал во друга насока, не таму каде што вие патувате.

Само во 2008 година 32, 8 милиони парчиња багаж се загубени по пат, а околу еден милион никогаш не се пронајдени. Минатата зима на секои 1000 патници се изгубени 13 торби, а речиси половина од сите инциденти со багажот се однесувале на патници кои имале преместување за време на патувањето. Иако бројот на изгубен багаж е намален за 20 проценти во однос на 2007 година, бројката од 90 илјади секојдневно пријавени изгубени куфери на аеродромите ширум светот им создава главоболка како на патниците, така и на авио компаниите. Комесарот за транспорт на Европската унија, Антонио Тајани, вели дека бројката од 10 илјади изгубени куфери дневно само во ЕУ е едноставно неприфатлива. А причини за тој феномен или за некои трагедии има многу: „Причините кои доведуваат до губење на багажот се многу. Или се во прашање грешки, или едноставно лоша среќа или пак криминал. Вработените во некои авиокомпании ширум светот беа и приведени поради кражба или неовластено отворање багаж.

Lufthansa Flugzeuge am Boden

На сите страни на светот: авиони на германскиот превозник Луфтханза

Може да дојде и до погрешно читање на кодовите и така вашиот куфер да заврши на друг аеродром. Понекогаш и самите патници не ги пишуваат своите податоци на куферот. Причините се навистина многу“, вели Тајани.

Багажот барајте го во САД или на интернет

Прифатливо или не, мора да се патува, па ако нештата кои ги носите не може да ви ги собере во рачниот багаж или оние крајно практичните - в џеб, тогаш имате причина да се грижите. Во зависност од аеродромот, потрагата за багажот трае и по неколку месеци. Поголемиот дел од него сепак го наоѓа својот пат до дома. Патниците кои ја немале таа среќа, може да очекуваат надоместок до 1100 евра. Меѓутоа, честопати со парите не може да се надомести ни претрпниот стрес, ниту спомените кои останале во вашиот куфер, кој не се знае каде е.

Во САД постои специјален Центар каде се собира багажот што не си ги пронашол сопствениците. Тие работи Центарот ги става на продажба, а во големите хали на може да се најде се‘: од игли, до да речеме презен мртовечки сандак. Ако не го најдете својот багаж на аеродромот, можеби ќе го најдете на интернет. Креаторите на интернет страната „Дали ова е вашиот багаж?“ на аукциите купуваат изгубени куфери и ја фотографираат нивната содржина која после ја објавуваат на својата страна.

Во секој случај, пред патувањето, нека не ве обесхрабруваат овие цифри. Здружението на светски превозници работи на новиот начин на обележување на багажот, кој во иднина ќе биде чипуван, токму како и домашните миленичиња, па со помош на радио локатори ќе може полесно да се открие позицијата на вашите работи. До тогаш, документите, клучевите и парите, секогаш носете ги со себе, а ние ви посакуваме повторна средба со вашиот куфер на некои од лентите за багаж на аеродромите ширум светот.

Автор: Марина Максимовиќ / Ана Алибегова