1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Куса средба на Црвенковски и Караманлис

На маргините на самитот во Поморие дошло до директна куса средба меѓу македонскиот претседател Бранко Црвенковски и грчкиот премиер Костас Караманлис.

default

Македонскиот претседател Црвенковски

Покрај официјалните тврдења дека во Поморие на првиот ден од самитот на балканските лидери имало само куртоазна средба меѓу македонскиот претседател и грчкиот премиер сепак на маргините на форумот дошло до директна средба меѓу Црвенковски и Караманлис. Грчки извори велат дека покрај неформалните контакти за време на вчерашната вечера во група со неколку други шефови на држави и влади се случила и кратка тет а тет средба што траела нецели 5 минути и дека на неа не биле опфатени конкретни детали од сложениот спор со името.

Двајцата високи претставници на двете земји се согласиле дека прашањето за името треба да се реши брзо на достоинствен начин за да можат двете земји да одат напред во градење на добрососедските односи.

ЕУ и НАТО цел на Македонија но не по секоја цена

Инаку денеска на вториот ден од самитот за Процесот на соработка на земјите од ЈИЕ каде учествуваат десетина шефови на држави и влади и министри за надворешни работи македонскиот претседател Бранко Црвенковски испрати прилично остра порака до грчките гости. Обврската за градње на добрососедски односи не е обврска само за земјите аспиранти туку и за земјите членки на ЕУ и НАТО. Претседателот изрази загриженост и дека принципот на вето употребен во Букурешт станува принцип што Грција најверојатно ќе го употреби и во ЕУ. Цел на Македонија остануваат НАТО и ЕУ но не по секоја цена порача претседателот Црвенковски говорејќи на форумот пред балканските лидери.

Караманлис: решението за името треба да биде реално

Инаку вчера, Караманлис на средбата со Црвенковски уште еднаш повторил дека и тој се чувствува како Македонец. Денеска во неговиот говор имаше поблаг настап. За разлика од претходните заканувачки позиции за компексно име со географска одредница која ќе ја разликува Македонија од северната грчка провинција грчкиот премиер со внимателно одбрана порака дека решението за името треба да биде реално да може да се спроведе на двете страни и истовремено да биде функционално.