1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Куршумите се заменети со војна на зборови

Трет ден без инциденти во изборната кампања. Медиумско-дипломатскиот притисок продолжува.

default

Ерван Фуере со остри предупредувања

ЕУ- амбасадорот, Ерван Фуере, преку телевизијата, Алсат, која е најгледана меѓу Албанците, праша зошто само тие во Македонија сеуште ги применуваат средствата на насилство, наспроти демократските избори во Албанија и Косово.

Шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ, Роберт Бери, ја подготвува првата верзија на привремениот извештај за изминатиот дел од изборниот циклус, кога беа регистрирани околу 15 сериозни инциденти со насилство.

Ако во Македонија нема мирни и фер избори, нема потреба да се плашиме од грчко вето, зашто македонското вето ќе биде веќе на маса, рече лидерот на СДСМ, Радмила Шеќеринска.