1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Курти бара од НАТО: Запрете го етничкото чистење

НАТО и КФОР треба веднаш да се распоредат во северно Косово за да спречат натамошни инциденти и етничко чистење на Албанците, се наведува во писмото на лидерот на „Самоопределување“ Албин Курти до НАТО.

„КФОР е се‘ уште одговорен за безбедноста на сите граѓани на Косово. Со ова писмо барам да преземете итни мерки и да распоредите сили на КФОР и спречите натамошни инциденти кои би можеле да се случат“, наведува Курти во писмото испратено до генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Рaсмусен и командантот на КФОР Ерхард Древс.

Тој истакнува дека Албанците во северниот дел на Косово се без институционална заштита и се „во немилост на илегалните структури на Белград“, кои, како што наведува, продолжуваат да користат сила за да ги заплашат и да ги натераат да ги напуштат своите домови.

„Од нас се бара да останеме мирни, но ние тоа не можеме да бидеме, со оглед на тоа што знаеме за крајното угнетување на Албанците на северот на Косово“, наведува Курти и потсетува на случајот на подметнување бомба во Косовска Митровица пред три дена, кога загина Сељвер Харадинај.