1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Курназ проговори за пеколот од Гвантанамо

Мурат Курназ беше ослободен од Гвантанамо Беј пред 7 години. Турчинот роден во Германија ја преживеа тортурата и изолацијата и не ги заборави оставените цимери од затворската келија. За искуството тој проговори за ДВ.

Стигматизацијата на поранешен затвореник во Гвантанамо го следи Мурат Курназ и денес. Германските таблоиди порано за него пишуваа наслови „Талибанецот од Бремен“. Поради минатото денес тој тешко наоѓа стабилна работа.

„Работам привремени работи. Немам друг избор. Не бев во некој обичен затвор. Јас бев во Гвантанамо“, ја почнува Курназ својата приказна во разговорот со Дојче веле во една турска чајџилница во Бремен.

Murat Kurnaz vor Untersuchungsausschuß

Ова е сликата што јавноста ја има за Мурат Курназ

Обвинувањата дека тој е поврзан со тероризам се покажаа како неосновани, но ознаката „талибанец“ му остана. Неговиот поранешен изглед со долга коса и брада и натаму е перцепцијата што јавноста ја има за него. Денес косата е скратена, брадата избричена, а мускулестото тело го одржува со редовно вежбање. Искуството го натерало овој 31-годишен маж на мудрост која ја имаат многу постарите луѓе. Прашан дали има психолошки проблеми, тој одговара:

„Немам психолошки проблеми, но тоа не значи дека секој кој е пуштен од Гвантанамо е во добра здравствена состојба“.

„Можете да видите дека тој е активен човек, а не уништен од тортурата“, се вмешува во разговорот адвокатот на Курназ, Бернард Доке.

На погрешно место во погрешно време

По нападите на 11 септември 2001 година Курназ бил на погрешно место во погрешно време. На 19-годишна возраст тој заминал на аџилак во Пакистан за да научи повеќе за својата муслиманска религија. „Ловци на глави“ го предале на Американците за 3.000 долари. Потоа бил однесен во американски затворски камп во Кандахар, Авганистан, каде бил испрашуван со електрошокови и потопување во вода – облик на тортура кој симулира давење. На крајот бил пренесен во Гвантанамо Беј на Куба. Во американскиот камп за осомничени лица за тероризам тој бил тепан, ставен во окови и во самица со екстремни услови.

Filmszene Fünf Jahre Leben

Неговата животна приказна беше инспирација за филм. На фотографијата е сцена од филмот „Пет години живот“

Првата сопруга на Курназ се развела од него додека престојувал во затвор, но потоа тој повторно се оженил и сега има две ќерки. По пуштањето од Гвантанамо тој работел различни работи – бил учител за боречки вештини и работел со проблематични тинејџери. Во последниве месеци го промовира и филмот „Пет години живот“, кој е базиран на петте години од неговиот живот поминати во американско заробеништво.

„Тој се врати во нормалниот живот, но во исто време не заборави што се случувало во Гвантанамо. Тој има еден вид на вина на преживеан – чувство или одговорност за оние кои ги оставил зад себе“, додава адвокатот Доке.

Курназ е ангажиран во Германија и странство во групи за заштита на човековите права.

„Се трудам да ги поддржам сите организации за човекови права, бидејќи знам што направија тие за мене кога бев во Гвантанамо. Според Амнести интернешнл има 22 тајни затвори низ светот во кои се измачуваат луѓе. Гвантанамо е само еден од нив, кој стана познат“, вели Курназ.

Murat Kurnaz , 5 Jahre Leben Premiere In Berlin

Курназ вели дека бројни затвореници остануваат во Гвантанамо, бидејќи нивните држави не сакаат да гарантираат за нив

Тој учествувал во штрајковите со глад во Гвантанамо за да изрази протест поради прекршување на човековите права во затворот. Според него, повеќе од половината од 166-те преостанати затвореници во Гвантанамо треба да се ослободат, но остануваат во затворот само затоа што земјите од кои потекнуваат не нудат доволно безбедносни гаранции кои ги бараат САД за нивно ослободување. Во неговиот случај, ниту Германија ниту Турција не сакала да ја преземе одговорноста за него, па така останал уште четири години во затвор. Потоа, за ослободувањето на Курназ лично преговараше германската канцеларка Ангела Меркел со тогашниот американски претседател Џорџ Буш, само два месеца по нејзиното доаѓање на канцеларската позиција

Курназ верува дека малиот број вистински терористи би можеле да бидат пренесени во максимално обезбедени затвори на американска територија, а останатите да бидат ослободени да си одат дома или, пак, во трети земји.