1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Куп на шампионите

По синоќешните натпревари од лигата на шампионите за втората фаза веќе се пласираа екипите на Олимпик од Лион, Милан и Реал од Мадрид, додека Арсенал и Манчестер Јунјатед допрва ќе мораат да обезбедат учество. Германски „Хамбург„ дефинитивно се прости од натамошното учество во оваа престижна фудбалска лига:

Единствено Бремен го обели образот во лигата на шампионите: Диего во одлична форма

Единствено Бремен го обели образот во лигата на шампионите: Диего во одлична форма

Реал во групата „Е„ ја совлада екипата на Стеауа со 1 спрема 0 и остана втор на табелата, зад Лион кој дома го совлада Динамо од Киев исто така со 1 спрема 0. Овие две екипи сигурно ги држат првите две места во групата.

Најкомпликувана е ситуацијата во следната „Еф„ група во која аутсајдерите извојуваа победи. Копенхаген дома го совлада Манчестер јунајтед со 1 спрема 0, додека Бенфика го победи Селтик со 3 спрема 0. Сега Манчестер има девет бодови, Селтик шест, а Бенфика и Копенхаген по 4.

Во групата „Ге„, Арсенал дома загуби бод од московска ЦСКА: 0 спрема 0. Хамбург пак дефинитивно се прости од соништата. Синоќа дома загуби од Порто со 3 спрема 1. Во оваа група водат московјаните со 8 бода пред Порто и Арсенал кои имаат по 7. Хамбург е последен без ниту еден освоен бод. И во групата „Ха„: Милан дома го совлада Андерлехт со 4 спрема 1. Вредно е да се спомне дека Кака постигна хет-трик. Лил загуби од АЕК со 1 спрема 0 и си го загрози второто место. Следните натпревари во сите групи се играат на 21 и 22 ноември.