1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Куп на УЕФА – порази на германските претставници

Капитенот на Хамбургер ван Бојтен

Капитенот на Хамбургер ван Бојтен

Од првите осминафинални средби во купот на УЕФА во очи паѓаат поразот на Рома на гостувањето кај Мидлсбро со 1 спрема 0, како и успехот со идентичен резултат што го оствари рускиот тим Зенит од Санкт Петерсбург на гости кај Олимпик во Марсеј. На другите средби се постигнати овие резултати: Стеауа(Букурешт) – Бетис (Севилја) 0 спрема 0, Лил – Севилја 1 спрема 0, Базел – Рејсинг (Стразбур) 2 спрема 0, Удинезе (Удине) – Левски (Софија) 0 спрема 0. И во овој куп продолжи серијата неуспеси на германските претставници: Рапид во Букурешт го совлада Хамбургер со 2 спрема 0, а Палермо го победи Шалке со 1 спрема 0. Претстојат реванш-средби.