1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Купувачот во Македонија не секогаш е во право

Светскиот ден на заштита на потрошувачите во Македонија се дочекува со проблематичен биланс. Во 2010 граѓаните повеќе од 4000 пати се жалеле до Организацијата за заштита на потрошувачите за повреда на нивните права

default

Купувачот е секогаш во право. Неговото височество потрошувачот мора да биде заводолен од производот што го купува или од услугата што ја плаќа. Овие премиси на пазарната економија важат и во Македонија но во пракса барем кога се прашуваат граѓаните не е така.

Потрошувачите не се доволно заштитени

Mazedonien Land und Leute

Граѓаните најмногу се жалат на квалитетот на прехранбените производи

Анкетата на Дојче Веле покажува дека потрошувачите имаат безброј забелешки. Некогаш за услужливоста, уште повеќе за квалитетот.

Денешниот светски ден на потрошувачите во Македонија го обелоденува општиот впечаток дека уште многу треба да се стори за заштита на правата на потрошувачите. Законската регулатива е услогласена со европската, последно во низата е усогласувањето на Законот за заштита на потрошувачите со директивата за нечесно пазарно однесување. Тоа овозможува уште поголем простор за заштита на потрошувачките права вели Маријана Лончар Велкова, претседателка на организацијата за заштита на потрошувачите.

Стоп за нечесното пазарно работење

Најголема главоболка на граѓаните им задаваат монополските компании. Се побројни се претставките и

Kroatien Land und Leute Einkaufen in Zagreb

до Народниот правобранител во кој граѓаните се жалат дека овие фирми ги повредуваат потрошувачките права на граѓанинот.

Лоша услуга недостојна за цената, слаб квалитет на прехранбените производи. Тоа се најчесто забелешките на граѓаните.

Надлежните немаат податок колку од претставките на граѓаните имаат основа за судски процес во кој потрошувачот ќе докаже дека одредено право му е прекршено и ќе добие соодветно обесштетување за тоа. Стоп за нечесното пазарно однесување е мотото на годинешното одбележување на светскиот ден на потрошувачите во Македонија.

Автор: Горан Петревски

Редактор: Симе Недевски