1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

„Купи куќа-купи стан“ тешко ќе го поевтини квадратот

Од први јануари 2012 стартува проектот за субвенционирани кредити. Граѓаните се надеваат дека ќе добијат државна помош, градежниците на повеќе работа

default

„Три години сум под кирија имав аплицирано до сега ама е многу тешко да се добие кредит. Така што сега очекувам дека ќе биде полесно за нас. Околу двеста евра ми е киријата и се одлучив тие пари сега да ги вложам во свој стан. Очекувам дека ќе бидам еден од тие што ќе добие помош од државата и ќе добијам стан“

Триесетгодишниот Ренато од Скопје се надева дека владиниот проект „купи куќа-купи стан“ ќе му помогне трајно да го реши станбеното прашање. Од први јануари стартува рокот за апликација за државната помош, која во услови на вртоглав раст на цените на станбениот квадрат е одлична можност поевтино и полесно да се дојде до сопствен покрв над глава:

„Мислам дека цената на квадратот би паднала и дека ќе бидам еден од првите што ќе земат стан“, се надева Ренато.

Задоволни и градежниците

Градежниците го поздравуваат проектот како позитивен. Очекуваат зголемен обем на работа, но не и осетно намалување на цената на станбениот квадрат:

„За да има поевтинување треба да се намали цената на градежното земјиште. Тоа е таа варијабила, која учествува во метар квадратен изграден стан. Инаку градбата е таа, нема каде да се намали. Не се намалува цената на градежните материјали па да има поевтинување, ниту пак се намалуваат работните трошоци. Комуналиите не се намалуваат, значи резервата е само во учеството на градежното земјиште. Како градежници ние сме заинтересирани да одиме на најниска можна цена зошто гледаме која е куповната моќ“, вели Никола Велковски од градежната групација во стопанската комора на Македонија. Еден од клучните услови е цената на квадратот стан или куќа да не биде повисока од 900 евра со ДДВ, што според градежниците е можно да се постигне но само во периферните делови на Скопје, или во внатрешноста на земјата.

Monastir Stadt der Konsule

Според Велковски многу е важно и банките бидат флексибилни во делот на обезбедувањето гаранции за кредитот:

„Оставено е на банките да проценат, знаете каква е гаранцијата што се бара за кредитите, генерално хипотека или некој друг вид недвижнини. Дали банките ќе можат да го земат како хипотекарен залог станот што ќе се гради. Објектот дури е во градба може да се обезбеди со предбележување, осносно некој вид предимотен лист кој би се ставил како хипотека. Ако тоа се прифати од страна на банките тогаш поголем дел од граѓаните ќе бидат моќни да аплицираат за кредитите“, вели Велковски

Во буџетот за догодина предвидени се 4 милиони евра за оваа намена, а се очекуваат две до двеипол илјади барања. Субвенционирањето на кредитот ќе биде на два начина. Половина рата во првите пет години за камата која во првите три години не смее да биде поголема од 4,99%. Вториот начин е субвенција за половина од учеството за кредитот што не смее да надмине 25% од неговата висина. И во двата случаја државната помош е за кредит до 50 илијади евра, за рок на отплата не пократок од 20 години. Инаку само во последните три години, просечната цена на станбен квадрат во Скопје од 750, порасна на над 1050 евра.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Борис Георгиевски

Поврзана содржина