1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Културни предизвици за 2011

Македонија зад себе остави возбудлива година на културен план. Најавите говорат за богата културна понуда и во 2011. Кои беа најзначајните настани во 2010 и што следува годинава на културен план во земјата?

default

Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево е приoритет

Година во знакот на македонската филмска продукција и реализација на дел од капиталните објекти на културата. Главните приоритети на Министерството за култура во 2011 ќе бидат спомен куќата на Тоше во Крушево и комплексот Музеј на револуционерната борба во Скопје. Првиот објект, според најавите, треба да биде промовиран на крајот на месецов, а вториот на половина од годината. Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска е задоволна што нејзиниот ресор годинава има на располагање повеќе пари во буџетот за реализација на зацртаните проекти:

„Целокупниот буџет изнесува 3,4 милијарди денари, од кои 625 милиони се за дејностите од годишната програма која ќе биде објавена на средината на јануари.

Elizabeta Kancevska Milevska

Македонската министерка за култура Елизабета Канческа Милевска

Посебно ми е драго што министерството и владата застанаа зад изградбата на спомен куќата на Тоше Проески, нашата музичка икона, во која ќе можеме да го почувствуваме неговиот дух и дело. Самиот проект има голема вредност и во надворешниот и внатрешниот архитектонски изглед“, вели Канческа.

Филмови на Попов, Митревски, Поповски...

Уметничките работници главно позитивно ја оценуваат минатата година која ја одбележаа богатите репертоари на филмските фестивали, на европскиот, германскиот филм, фестивалот „Браќа Манаки“. Ако лани се‘ беше во знакот на филмските фестивали, на кои доминираа проекции на реномирани странски режисерски имиња, годинава главниот збор ќе го има македонската филмска продукција, вели за Дојче веле филмскиот критичар Благоја Куновски:

„По долго чекање ќе го видиме започнувањето на снимањето на филмскиот проект на режисерот Столе Попов, филмот „Приказна од Дивиот Исток“, по сценариото на Горан Стефановски, филмот на Дарко Митревски „Трето полувреме“ на Александар Поповски за

Estland Land und Leute Tallinn Altstadt

Македонската култура ќе биде претставена и во Талин (фото), годинешна Европска престолнина на културата

студентските денови за таткото на современа Турција, Кемал Ататурк, а ќе има и многу краткометражни филмови“, вели Куновски.

Повеќе можности за актерите

Печат на културата во 2010 година даде гостувањето на Боб Дилан и Лондонскиот филхармониски оркестар во Скопје, настапот на Драмски театар во Англија со „Хамлет“, традиционалното Скопско културно лето, Струшките вечери на поезијата, Скопскиот џез фестивал...Имаше работа за археолозите, кои на 20 археолошки локалитети ископаа 300 илјади артефакти, преведувачите кои на македонски јазик преведоа 106 книги на нобеловци. Исто така и за актерите кои вон театарот добија можност за дополнителна заработувачка со синхронизација на повеќе серии и играни филмови на македонски јазик. Актерот Рубенс Муратовски е задоволен. Тој се надева дека годинава ќе се зголеми бројот на телевизиите кои ќе синхронизираат филмови заради тоа што синхронизацијата, според него, е длабоко патриотски потег. Навика да се слуша, а со тоа и да се сака својот јазик“, вели Муратовски.

Еден од позначајните културни проекти во минатата година беше ревитализацијата на старата скопска чаршија. Годинава, според најавите, Македонија културно ќе биде претставена во Утрехт, Талин и Москва.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска