1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Културен календар

Возбудливи филмски фестивали, меѓународна средба на дизајнери, шарен летен карневал и големи музички фестивали, во јуни сигурно нема да биде досадно-што се‘ нуди овој месец на културен план.

default

Се‘ е дизајн?

*** Achtung: Nur zur Berichterstattung über das Internationale Designfestival Berlin verwenden! *** Beta Tank: Eye Candy

Мода од познати дизајнери, накит креиран од славни имиња-многумина поимот дизајн го поистоветуваат пред се‘ со многу пари. Но, дизајнот е повеќе од статусен симбол. Дизајнот е се‘ или се‘ е дизајн, зашто се‘ е на некој начин резултат на мисловен или материјален процес. Пенкалото, компјутерот, чашата за кафе и бирото на кое стојат овие работи. Дизајнот остава печат на нашето секојдневие, врши влијание врз него. Да го покаже ова е целта на Меѓународниот фестивал за дизајн во Берлин. Околу 5 илјади дизајнери од преку 30 нации, од 1 до 5 јуни, на просторот на поранешниот аеродром Темпелхоф во Берлин, ги изложуваат своите идеи и производи. Но, не се работи само за презентација-организаторите сакаат да создадат платформа која ќе овозможи размена на искуство на младите со искусните дизајнери од цел свет во форма на воркшопови, симпозиуми, предавања и дискусии. Тежишна тема годинава е копирањето, поточно, неговите културолошки аспекти. Копирањето во земјите како Кина или Јапонија има сосема поинаква заднина отколку во западните држави и содветно на тоа е поинаку вреднувана. Комплексна тема, која заслужува човек да се зафати со неа.

Шлингензиф на Биеналето во Венеција

*** Achtung: Nur zur Berichterstattung über Christoph Schlingensief Via Intolleranza verwenden! ***


Пред една година уметникот Кристоф Шлингензиф доби покана да го уреди германскиот павилјон на Уметничкото биенале во Венеција, кое се одржува од 4 јуни до 27 ноември. Проект чија реализација тој веднаш ја започна, но не можеше да ја заврши-Шлингезиф почина во август 2010 година од рак. Најпрво се размислуваше да се задржат и доградат неговите планови за изгледот на павилјонот. Но, наскоро кураторката Сузане Генсхајмер заедно со Аино Лаберенц, вдовицата на уметникот, решија дека тоа не е изводливо. „Човек не може да го заврши она што не било завршено“, беше заклучокот, зашто Шлингензиф беше познат по тоа што своите концепти ги менуваше до пред самиот крај. Сепак, Шлингензиф ќе игра улога во Венеција, така од изложбата во негова режија ќе стане изложба за него и неговите проекти.

Карневал на културите во Берлин

ACHTUNG: Nur für Berichterstattung über Karneval der Kulturen in Berlin verwenden! ***

Карневалот на културите во Берлин е голем уличен фестивал кој трае четири дена, годинава од 10 до 13 јуни, а лани забележа повеќе од 1,3 милиони посетители. Една од врвните манифестации е големата улична поворка во неделата, во која учествуваат сто танцувачки и музички групи, но и училишни класови или други здруженија. Во принцип, секој може да биде учесник, внесувајќи своја тема. Но, пристап немаа политичките партии или религиските групи. Карневалот својот почеток го имаше во 1990-те години. Во тоа време, културите на мигрантите и другите малцинства беа значително помалку застапени од денес. Пример за фестивалот во Берлин, меѓу другото, е Нотингем Хол Карневалот од Лондон, кој носи карипски печат.

Возбуда поради Арт Базел

Der Leipziger Maler Neo Rauch steht in Leipzig vor seinem Bild Vorführung

Во цел свет потребно е да се конкурира: за работа, за стипендии, па и за уметнички саеми. Повеќе од илјада галерии секоја година се пријавуваат до Изборниот комитет во Базел, од нив околу 300 добиваат дозвола да ги претстават своите дела на саемот. За галеристите тоа е еден од најважните термини во годината. Саемот во Базел од 15 до 19 јуни е место каде се среќава меѓународната уметничка сцена, овде се прават големи зделки. За изненадување и возбуда пред почетокот се погрижи тоа што жирито ја отфрли пријавата на Ајген плус арт од Берлин и Лајпциг, чиј основач и шеф, Герд Хари Либке е еден од најреномираните германски галеристи, кој ги застапува светски реномираните уметници како Нео Раух, Олаф Николаи или Јерг Херолд. Жирито не наведе образложение за својата одлука, па дотолку посилни се критиките и шпекулациите. Нео Раух и неговите колеги најавија солидарност со својот галерист, тие нема да ги претстават своите дела во Базел. Либке беше присутен на Уметничкиот саем во Базел редовно од 1991 година. Последната година саемот во Базел го посетија 600 илјади луѓе.

Мноштво музички фестивали

*** Achtung: Nur zur Berichterstattung über Rock am Ring 2011 verwenden! *** Kids in glass houses

Вреќи за спиење, шатори за кампување и скари, во идеален случај уште и рачен фрижидер. Оваа опрема важи за основна за секој посетител на музички фестивал, а во јуни има цела низа вакви манифестации. Прв е „Рок ам ринг“ од 3 до 5 јуни, огромен фестивал на отворено на тркачката патека Нирбургринг во Ајфел, на кој лани присуствуваа повеќе од 85 илјади млади луѓе, кои кампираа во околните шумички. Уште повеќе рок и погласна музика се нуди на фестивалот „Саутсајд“ во близина на Минхен од 17 до 19 јуни, како и на „Харикан“ во Северна Германија. Двата се т.н. сестри-фестивали, зашто имаат иста програма, само со различен редослед. Тоа значи: околу 80 музички групи кои настапуваат, патуваат од север кон југ и обратно. Љубителите на џезот ќе уживаат на „Моерс“ фестивалот од 10 до 12 јуни во регионот на Долна Рајна, кој се одржува 40-ти пат.

Од 2 до 5 јуни, пак, Вирцбург е домаќин на „Африка“ фестивалот, според организаторите, најголемата музичка приредба на африканска музика и култура во Европа.

Летно кино во Минхен и Лудвигсхафен

*** Achtung: nur zur Berichterstattung über den schwedischen Regisseur Roy Andersson verwenden! *** Still aus dem Film Das jüngste Gewitter

На 25 јуни во Шведска започнува „Митзомер“ фестивалот, од каде некои од режисерите, актери и продуценти ќе заминат потоа на Филмскиот фестивал во Минхен за да ги презентираат своите нови филмови. Шведска таму годинава е земја во фокусот на фестивалот, кој се одржува од 24 до 27 јуни. Минхенскиот фестивал, по Берлиналето, е втор по големина во Германија. Германска премиера во Минхен годинава ќе доживеат околу 200 филмови од цел свет. Главна награда нема, но има повеќе признанија, како за надежен млад автор во категориите режија, продукција, сценарио и глума, која е дотирана со 60 илјади евра.

Чисто германски филмови ќе се презентираат во Лудвигсхафен, од 16 до 26 јуни во посебна атмосфера: како кино-сали служат шатори поставени на остров во Рајна, разговорите по проекциите пак, се водат на лежалки на плажата-вистински летен фестивал.

Уште една летна бајка?

Frauenfußball-EM - Deutschland - Norwegen 4:0 Flash-Galerie

2006 година влезе во германската историја. Светското фудбалско првенство привлече посетители од цел свет во земјата. Се наближува уште едно светско првенство, повторно се работи за фудбал, но овојпат играат жени, од 26 јуни до 17 јули. Во принцип, фудбалерките привлекуваат се‘ уште помалку луѓе пред екраните отколку фудбалерите. Но, Штефи Џоунс, претседателка на Организациониот комитет, сонува за распродадени стадиони и бројна публика. Зашто, германските жени фудбалери се светски прваци. Тие самите во годинешното светско првенство гледат шанса за одамна заслуженото признание за женскиот фудбал. Патем, професионалните фудбалерки не можат како мажите да живеат од својот спорт. Колку различни се димензиите може да се види на актуелната изложба во Франкфурт за историјата на женскиот фудбал: таму е прикажана, на пример, победничката премија за националните играчи кои во 1989 година станаа европски првенки-тие добија сервис за кафе.

Автор: Петра Ламбек/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска