1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Културен календар за септември 2011

На „Рур триенале“ во центарот на вниманието е будистичката култура. Берлин организира литературен фестивал, а во Бон се одржува познатиот Бетовен фест. Индија и Германија прославуваат 60 години од дипломатските односи.

default

Будистички искуства на Рурското триенале 2011

***Achtung: Nur für Kulturkalender September 2011*** Plakate zur Ruhrtriennale

Оној кој сака да го надмине своето его и е во потрага по будистичката вистина треба да го посети годинешниов фестивал „Рур триенале 2011“ што се одржува од 26 август до 09 октомври. Ова е третиот и последен фестивал сезонава под раководство на Вил Декер, чиј крај веќе е познат. Имено, фестивалот ќе заврши со уништувањето на песочната амајлија. Инаку, во рамки на фестивалот ќе се одржат театарски претстави, ќе бидат изведени танцувачки точки, ќе бидат прикажани филмови, изложби, концерти, предавања и уметнички аукции во некогашните индустриски хали во рурската област. Главна тема ќе биде соочувањето со будизмот. Освен тоа, јапонски монаси ќе пеат будистички песни, камерната опера „Хањо“ на јапонскиот композитор Тошио Хосокава ќе биде одново поставена од шпанскиот режисер Каликсто Биеито, а пак, хорот од Рур ќе ја изведе премиерата„Буда гоус Бајројт“. Рурското триенале е многу шарен културен фестивал и за некои премиери картите веќе се распродадени.

Меѓународни автори на разоткривање во Берлин

Chinesischer Schriftsteller Liao Yiwu Flash-Galerie


На литературни читања понекогаш се случува публиката да бидe разочаранa од тоа како авторот го чита и презентира своето литературно дело. Меѓутоа, на меѓународниот литературен фестивал во Берлин, што се одржува од 7 до 11  септември, такво нешто не може да се случи. Имено, овде се читаат книги што по повод фестивалот за прв пат се преведени на германски и не можеле да се купат претходно во книжарниците. Организаторите на фестивалот секоја година се трудат да донесат во земјата писатели, кои никој не ги познава во Германија. Со ваквиот концепт Берлинскиот литературен фестивал особено се истакна во изминативе десет години и си создаде сопствен имиџ меѓу поголемите германски литературни фестивали како оние во Хамбург, Лајпциг и Келн. Филозофијата на Берлинскиот фестивал гласи: литературна разноликост во времиња на глобализација. Годинава во фокусот на фестивалот се авторите од азиско-пацифичкиот регион.


Музика на иднината со Бетовен и останати музичари во Бон

*** Achtung: Erluabnis nur für die Verwendung im Kulturkalender September 2011*** Beethovenfest


На старост тој беше тврдоглав, но генијално музикален. Граѓаните на Бон до денес се фалат со најпознатиот син на градот Лудвиг ван Бетовен и привлекуваат голем број туристи. Тој бил роден во 1770 година, а пак, од 1845 ликот на познатиот композитор се наоѓа среде плоштадот Минстер во центарот на градот. Токму овој споменик е главната тема на годинешниот музички фестивал Бетовен во Бон што се одржува од  9 септември до 9 октомври. Во 1845 година, осумнаесет години по смртта на Бетовен, композиторот Франц Лист по повод поставувањето на споменикот организирал тридневен музички фестивал. Тоа било всушност почетокот на фестивалот Бетовен во Бон. Токму затоа на годинешниот фестивал, што се одржува под мотото „Музика на иднината“, во центарот на вниманието ќе се најде Лист со десет концерти. Покрај тоа во рамки на главната програма ќе се одржат уште 50 други концерти на 24 различни места. На фестивалот ќе свират познати соло уметници како виолинистката Ане Софи Мутер или пианистката Хелен Гримо, а пак, на познатиот израелски диригент Зубин Мехта ќе му биде доделена престижна награда. Фестивалот редовно се одржува од 1999 година и секој би помислил дека овде бетовеновата музика веќе доволно се свирела и многу често била интерпретирана, но фестивалот Бетовен секоја година одново привлекува многубројна публика. Минатата година имаше 70.000 посетители.

Споменику отвори се во целата земја

Wartburg bei Eisenach Flash-Galerie


Од 1993 година во Германија секој втора недела во септември луѓето можат да посетуваат историски зданија и градови, што делумно или воопшто не се пристапни за луѓето. Акцијата е дел од „ Деновите на европското наследство“ што беа прогласени од страна на ЕУ во 1991 година.  Годинава „ Деновите на отворените споменици“ се паѓаат на 11 септември, а мотото гласи „Романтика, реализам, револуција – 19 век“. Тоа е една стилистичка повеќестрана епоха, која се наоѓала под големо влијание на претстојната индустријализација. Задолжените за зачувување на спомениците на 11 септември ќе ги прошетаат заинтересираните луѓе по палатите, индустриските згради и замоците. „Денот на споменикот“ во Германија е всушност рекламна акција за изучување на професијата за заштита на спомениците. Но, затоа, пак, посетителите можат многу нешта да видат.


Неограничени можности – германска година во Индија

Gudhi Padwava Festival


Индијците знаат кој е Хелмут Кол. Но, кога годинава во мај канцеларката Ангела Меркел беше во посета на Индија, луѓето се прашуваа која е таа. Германија е најголем трговски партнер на Индија во Европа и годинава се прославуваат 60 години од дипломатските односи на двете земји. Значи, крајно време е Индијците подобро да се запознаат со Германија. За таа цел крајот на 2011 и 2012 беа прогласени за „Германска година“ во Индија. Организатори меѓу другото се Министерството за надворешни работи и Гете институтот, а се одржува под мотото „Бесконечни можности”. Оваа посебна манифестација ќе трае 15 месеци, а ќе се организираат концерти, конференции, изложби и забави во различни индијски метрополи. Една од главните теми ќе биде развојот на градовите. Германскиот уметник Маркус Хајнсдорф направи павиљон за проектот наречен “мобилна вселена” што ќе биде изграден во седум индиски градови и во кој ќе се презентираат, во секој град по десет дена, идеите за уредување на „градските простории” . Освен тоа, посетителите ќе имаат можност да вкусат германско јадење.

Пиење до ѓон во Минхен

176. Oktoberfest Kulturkalender Flash-Galerie

Годинава по 178 пат ќе се одржи т.н. Октобер фест во Минхен. Тој се вика октобер фест, но почнува секогаш во септември. Најевтиното пиво, во кригла од еден литар, чини 9 евра.  На еден добар шанкер потребни му се 1,5 секунди за да наполни кригла од еден литар. Постојат луѓе, кои земаат одмор само за да можат да работат на Октобер фест. Интересно е тоа што доколку младите девојки панделката од традиционалната носија- дирндел ја носат на средина, тоа значи дека се’ уште се девици. Инаку, доколку некој сака навечер да посети некој од шаторите каде се точи алкохол, тогаш мора претходно да  резервира место, бидејќи се’ е полно. 

Автор: Марлис Шаум / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Борис Георгиевски