1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Културен календар за мај 2010

Театарски, филмски и музички фестивали ќе доминираат на германската и европската културна сцена во мај. Дојче веле ги издвои најзначаните културни случувања во најубавиот месец во годината .

default

Театарски средби во Берлин

Die Kontrakte des Kaufmanns

Сцена од претставата „Договори на трговецот“ на нобеловката Елфриде Јелинек, која ќе биде прикажана на Тетарските средби во Берлин

„Покана за Берлинските театарски средби“. Во театрите се отвораат пенливи вина кога за некоја нивна претстава ќе добијат писмо со ваква содржина , зашто тоа значи дека делото е меѓу десетте највпечатливи претстави на германски јазик во изминатата година. Тоа е убава пофалба за авторите а се разбира има влијание и врз публиката. Изборот го прави жири составено од театарски критичари кои за таа цел мораат да погледаат околу 400 театарски претстави во тековната сезона. Избраните десет ќе бидат презентирани во Берлин од 7 до 23 мај. Покрај тоа на програмата на Берлинските театарски игри има бројни дискусии, забави, воркшопови за таленти а тука е и Меѓународниот форум на кој годинава во Берлин се поканети 43 режисери актери и драматурзи од вкупно 20 земји. Се’ на се’ голем тееатарски фестивал.

Филмскиот фестивал во Кан

Brad Pitt und Angelina Jolie in Cannes 2009

Кој ќе се појави годинава на црвениот тепих во Кан?

Очите на филмскиот свет секоја година во средината на мај се вперени кон Кан - кон Меѓународниот филмски фестивал чие годинешно издание ќе се одржи од 12 до 23 мај. Во натпреварувачката конкуренција годинава има и една германска копродукција- „Ти моја радост“ се вика филмот на украинскиот режисер Сергеи Лозница во кој покрај пари од неговата татковина се вложени и сретства од Холандија и од Германија. Инаку повеќето од филмовите во натпреварувачката конкуренција доаѓаат земји надвор од Европа, како на пример од Кореа , Иран, Алжир или Мексико. Фестивалот ќе биде отворен со холувудскиот филм Робин Худ на Ридли Скот- историски спектакл кој се прикажува вон конкуренција. Фановите пак веќе сега можат да се радуваат на присуството на филмски ѕвезди на црвениот тепих. за разлика од Берлиналето кое се одржува во февруари во Кан по правило не дува леден ветер , туку топло ветренцe од Средоземното море.

Амазонската опера на биеналето во Минхен

Amazonas Musiktheater Flash-Galerie

Делегација на индогениот народ од Јужна Америка, Јанонами во Минхен

„Погледот на другите“- тоа е мотото на Музичкото биенале во Минхен. Тоа се одржува секои две години и важи за важен форум за модерната опера. Еден од хај-лајтите оваа година е праизведбата на операта Амазон, проект во кој, меѓу другите, е вклучен и Гете-институтот и кој настана во соработка со Јанонами, еден од последните прастари домородни народи во Јужна Америка. Делото ги прикажува различните погледи на природата, спротивставувајќи го научно техничкиот поглед на светот на Европејците со оние на индијанските космолози и спиритуалноста на шаманите. Бразилскиот композитор Тато Таборда ја опишува соработката со Јаномани како многу интензивна, а звучниот свет на прашумата како „неверојатно богата полифонија“. Продукцијата траеше две години, а премиерата е на 8 мај во Минхен. Потоа, операта ќе биде изведена и во Бразил и во Португалија.

Традиционалната претстава за страдањето Христово во Оберамергау

Probe der Passionsspiele 2010 im Theater in Oberammergau, Bayern

Сцена од пробите за претставата во Оберамергау за Христовото страдање

Еднаш во животот да се биде Исус, за тоа сонуваат многу млади луѓе во Оберамергау. Малото место во Баварија секои десет години е собиралиште за туристи од целиот свет, секогаш во периодот кога се одржуваа традиционалната претстава за Страдањето Христово, која годинава ќе започне да се прикажува на 15 мај а ќе заврши на 3 октомври. Традицијата потекнува од 1633 година кога владеела насекаде во околината на Оберамергау владеела чума. Селаните се молеле на Бога и ветиле дека ако бидат поштедени во иднина секои десет години ќе ја изведуваат приказната за страдањето на Исус Христос . И оттогаш наваму тие редовно ја играат претставата. Подготовките за неа се многу обемни и се прават проби со месеци наназад. И за мажите е јасно. Оној кој сака да учестцвува , мора да има брада и тоа не вештачка залепена на лицето туку вистинска, а и долга коса се разбира. Правилата се строги. Tака на пример актуелниот градоначалник не смее да учествува во претставата зашто не е „вистински“ Оберамергауец туку само дојденец.

Њу Џез Фестивал во Моерс

Moers Festival 2010: Miss Platnum

Логото на џез фестивалот во Моерс

Сезоната на музички фестивали во Германија конечно се отвора. Шаторот надвор, скарата надвор и потоа нурнување во светот на џезот. На Њу џез фестивалот во Моерс се очекуваат околу 20 илјади посетители, кои ќе можат да слушаат џез, електроника и ворлд мјузик. Фестивалот живее од тоа што секогаш одново презентира млади уметници, кои имаат сопствен оригинален пристап кон музиката, според мотото: кој денеска сака да знае што утре ќе се слуша, нека дојде во Моерс. Специфичност на фестивалот се т.н концерти во мрак. Тоа меѓутоа не се концерти што се изведуваат среде ноќ туку во т.н темни шатори. Идејата е да се добие чисто музичко доживување , без какви било пречки. Годинешниот Њу џез фестивал во Моерс ќе се одржи од 21 до 24 мај.

„Означување на окната“ во Рурската област

SchachtZeichen mit Flugzeug

Жолтите балони девет дена ќе го красат небото над Рурската област

Големи жолти балони со хелуим ќе лебдат над Рурската област од 22 мај натаму. Тие ќе ги означуваат местата каде некогаш се експлоатирал јаглен, а денеска се користат на поразновидни начини. На некои места се вселија фирми, на други настанаа театри, музеи, некои се празни, а други се заштитени споменици. Ова инсталација распространета на 4000 квадратни метри е дел од програмата на Рурската област како Европска престолнина на културата во 2010 и е наречена „Означување на рударските окна“. Во Рурската област има повеќе од 300 рудници за јаглен, 350 од нив цели девет дена ќе бидат маркирани со жолтите балони. Покрај тоа, планирани се и изложби, предавања, фестивали и велосипедски тури, се‘ во рамките на темата - структурна промена. Жолтата боја за балоните е избрана затоа што таа е видлива од најдалеку и, за разлика од сината и зелената, добро се двои од боите на небото и земјата.

Германско првенство во скара во Гота

Genormte Gegenstände Deutschland Flash-Galerie

Кој е најдобар скараџија во Германија?

Во средината на мај, во Германија ќе биде избран нов крал: Кралот на скарата. Во градот Гота ќе распламтат скарите, а жирито ќе јаде. Германската грил-елита ќе биде оценувана во две категории: професионалци и аматери. На манифестацијата, се очекува да присуствуваат околу 50 илјади луѓе, во непосредна близина на вжарените решетки. И сето ова ова е само „предјадење“. Во 2011 година, во германскиот град Гронау, ќе се одржи Светското првенство во скара.

Автор: Петра Ламбек/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска