1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Културен календар за декември

Во декември културните настани во Германија се проретчуваат, се‘ е во знакот на радосното исчекување на претстојниот празник, Божик и Новата година по него. Но, сепак има што да се види на културен план.

default

Отвори го прозорчето...

Kulturkalender Dezember Adventskalender Weihnachten

Адвент, адвент...

Го има во речиси секоја детска соба-адвентскиот календар треба да го заслади чекањето до Божик. За тоа веќе одамна не се доволни само чоколадни коцки зад 24-те хартиени прозорчиња. Постојат календари со играчки, парфеми или накит. Многу поскромни биле првите адвентски календари кои во 1903 година на пазарот ги извел минхенскиот издавач Герхард Ланг. Тие се состоеле од два дела со по 24 слики за сечење и 24 полиња за лепење. Сликите една на ден се сечеле од едната тетратка и се лепеле на другата, имале религиозни мотиви. Саморачно направен или купен, од 1-ви до 24-ти декември децата се радуваат на изненадувањата од адвенсткиот календар.

Оскар на европскиот филм

Flash-Galerie Film Melancholia Lars von Trier

Фаворит за „Феликс“: „Меланхолија“ на Ларс фон Триер

Всушност, крстен е како „Феликс“, и треба да му биде конкурент на американскиот „Оскар“. Но, од 1997 година европската награда за филм нема име и не е конкуренција за американските филмски признанија. Сепак, во 1988 година основаната награда важи за важно одликување за филмските постигнувања во Европа. На 3-ти декември во Берлин ќе биде врачувањето на годинешните признанија. Номинирани се вкупно 45 филмови од 32 држави. За фаворит важи „Меланхолија“ на данскиот режисер Ларс фон Триер. Научно-фантастичната драма го поврзува пропаѓањето на светот со една семејна приказна. Приватната несреќа, депресија и лудило водат кон колективен крај на светот, потпомогнат од судирот со голема комета.

Последна изложба на Кениг

Museum Ludwig - Innenansicht

Музејот Лудвиг во Келн

Каспар Кениг, меѓународно познатиот директор на Музејот Лудвиг во Келн, во 2012 година оди во пензија, ќе го замени Филип Кајзер, куратор во музејот за современа уметност од Лос Анџелес. Под насловот „Пред законот“, на 17 декември Кениг ја отвора својата последна изложба. Таа содржи скулптури од 26 уметници, кои се зафатиле со темата човековите права и човечкото достоинство.

Јаслите со малиот Исус или божиќна елка

Deutschland Adventskalender Weihnachtsbaum Schmuck Kugel

Среќен Божик...

Кулминација во декември за децата претставува 24-ти декември, Божик. Тогаш во Германија се делат подароци. Дали ги носи Дедо Мраз или некој друг, зависи од семејната традиција. Подароците по традиицја во Германија се ставаат под божикното дрво, кое од 1800-та година ги вовеле во куќите пред се‘ евангелистичките семејства. Католиците порадо во собите аранжирале јасли со новородениот Исус Христос. Денеска во многу германски домови ги има и двете, дури и без разлика на која религија припаѓаат семејствата.

Со новогодишен шампањ и огномет во Новата година

Flash-Galerie Sylvesterbräuche

...и среќна Нова година!

Секоја година точно на полноќ на 31 декември небото над Германија се претвора во море од светла. Луѓето слават со огномет, посакувајќи си среќна нова година и наздравуваат со шампањ или пунч. За разлика од Божик, Нова година не е е типичен семеен празник, туку во Германија се слави меѓу пријателите, соседите. Една од најголемите забави во новогодишната ноќ е онаа пред Бранденбуршката порта. Лани таму беа собрани околу еден милион луѓе.

Автор: Сабине Дамашке/ Жана Ацеска

Редактор: Симе Недевски