1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Културен календар за август 2011 година

Во политиката во моментов е летната пауза, во театарот исто така, но доколку времето е убаво во Германија културниот живот во август се одвива на отворено. Луѓето прават излети, пешачат или одат на пливање.

default

Летно кино во Венеција и Локарно !

Kulturkalender August 2011: Filmfestival Locarno (Rechtehinweis beachten)


Берлин, Кан и Венеција ова се трите града во Европа во кои се одржуваат најголемите филмски фестивали. Берлиналето вообичаено се одржува во февруари, филмскиот фестивал во Кан во мај, а пак, во Венеција, воедно и најстариот од трите, се одржува во лето. Годинава тоа ќе трае од 31 август до 10 септември. Доделувањето на наградите Сребрен и Златен лав е голема тема и во Германија. Но, оние на кои известувањето преку медиумите за фестивалот не им е доволно, тогаш најдобро да отидат директно во Венеција, бидејќи во градот сега се одржува Биеналето на уметноста.

За германските љубители на киното, меѓутоа поблиску е малиот и скромен град Локарно во Швајцарија. Овде се одржува така наречениот „А фестивал“, односно фестивал со меѓународен натпреварувачки карактер. Фестивалот во Локарно е познат по неговите ретроспективи. Минатата година почесната награда на фестивалот ја доби германскиот режисер Ернст Лубич, годинава таа ќе му биде доделена на американскиот режисер Винсент Минели, таткото на познатата пејачка и актерка Лајза Минели. На фестивалот ќе има по нешто и за љубителите на азиските филмови. Тие спаѓаат во неофицијалниот дел на фестивалот, бидејќи се прикажуваат по желба на директорот на фестивалот Оливер Пере.


Уметнички фестивал во Вајмар !

Kulturkalender August 2011: Kunstfest Weimar *** Rechtehinweis beachten! ***


Вајмар е град на културата и град на големите германски писатели Гете и Шилер. Меѓутоа Вајмар е и градот во чија близина, во времето на националсоцијализмот, бил изграден најголемиот германски концентрационен логор Бухенвалд на Етенсберг. Историско наследство со кое градот мора да живее. Со ова се согласува и Ники Вагнер раководителка на Културниот фестивал Вајмар, кој се одржува на 19 август, а ќе биде традиционално отворен со концертот во сеќавање на жртвите во Бухенвалд. На спомен сеќавањето годинава ќе зборува францускиот автор и поранешен припадник на француското движење на отпорот од Втората светска војна Штефан Хесел. 93 годишниот писател минатата година предизвика бурна дискусија околу неговото спорно дело „Бунете се!“. Во рамки на фестивалот во наредните три недели ќе се презентираат концерти и културни приредби од различни области на уметноста, како танц, театар, сликарство и музика. На 28 август во замокот во Вајмар ќе бидат доделени Гете- медалите на луѓе кои особено се ангажирале околу германскиот јазик и меѓународната културна размена. Меѓу наградените ќе бидат и британскиот писател Џон ла Кар, полскиот публицист Адам Михник и францускиот театарски режисер Ариан Мнучкин.


Лицата на ренесансата во Берлин !

FLASH-GALERIE Kulturkalender


Оној кој еднаш бил во музејот Лувр во Париз и стоел пред позната „Мона Лиза“ на Леоанардо да Винчи, тогаш му е позната сцената кога многу луѓе стојат пред една слика и се туркаат. Оваа сцена ќе се одвива во Берлин на 25 август кога ќе биде изложено уште едно дело на познатиот уметник Да Вичи наречено „Дамата со хермелин“. Покрај Мона Лиза, ова е еден од ретките портрети што ги насликал уметникот и се наоѓа во сопственост на една полска фондација. Таа се сложи делото да биде изложено за време на изложбата „Лицата на ренесансата“ во музејот Боде во Берлин од 28 август до 20 ноември. Покрај ова на изложбата може да се видат и делата на италијанските уметници Пизанело, Верокио, Белини и се разбира Леонардо да Винчи.

Музички спектакл во Минхен!

Oboe FLASH-GALERIE Kulturkalender

Млади музичари од целиот свет во август се среќаваат во главниот град на покраината Баварија, Минхен. Овде по 60-ти пат од 29 август до 16 септември се одржува меѓународниот музички натпревар во организација на Првата програма на германската телевизија. Ова е всушност натпревар на покраинските радио и телевизии за кој годинава се пријавија повеќе од 400 млади таленти од 47 земји. Околу 180 од нив беа поканети да учествуваат во Минхен. Заинтересираните се пријавуваа во музичките насоки обоа, труба, клавир и оргуљи. За голем број музичари успешното учество на натпреварот е одлучувачко за нивната натамошна кариера. Не поради паричната награда што се доделува во висина од 10.000 евра, туку пред се’ поради понудите за концерти што ќе следуваат и професионалниот ангажман.

Важно е да се биде на отворено......

Stressabbau auf einer Wiese FLASH-GALERIE Kulturkalender

Дали станува збор за кино, уметност или музика се’ едно за луѓето во Германија во август е важна една работа: одморот и летото. Тоа е време кога може да се чита книга во мир, да се лежи некаде покрај море или едноставо да се биде заедно со семејството. За љубителите на пешачењето, а во Германија има многу такви, се одржува по 111 пат Германскиот ден на пешачењето. Тој трае неколку денови и секоја година се одржува во некој друг регион. Годинава тој се одржува во Меле, Оснабрик од 08 до 15 август. На програмата се наоѓаат повеќе различни маршрути за пешачење. Освен тоа, ќе има изложби, концерти и ќе се раскажуваат приказни за децата. Но, и за љубителите на театарот летово се нуди интересна програма во Германија. Големите театри можеби се затворени, но затоа низ цела Германија се одржуваат летни театри кои својата програма ја нудат на бини под отворено небо. Така на пример, во Лудвигсбург во една романтична градина ќе се изведуваат филмови што важат за класика како „Небото над Берлин“ од Вим Вендерс и „Пурпурната роза од Каиро“ од Вуди Ален. Имено, добра алтернатива за сите оние, кои на летна температура не сакаат да седат во темните кино сали.

Автор: Петра Ламбек/ Бисера Огњановска Митров

Редактор: Симе Недевски