1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Културен календар април 2010

Од музика и уметност до филм и танц. Дознајте што се случува на германската културна сцена. Дојче веле состави преглед на најзначајните културни настани во април.

default

На 14 април во Келн почнува Меѓународниот женски филмски фестивал. Тој е единствен од таков вид во Германија и една година се одржува во Келн, а друга во Дортмунд. Оваа година во фокусот се филмови на режисерки од Западниот Балкан. Фестивалот ќе биде отворен со филмот кој беше дел и од натпреварувачката програма на Берлиналето: „На пат“ од босанската режисерка Јасмила Жбаниќ- жена која веќе се има етаблирано во филмскиот свет. Имено за нејзиниот дебитански игран филм „Тајната на Есма“ таа во 2006 година ја освои „Златната мечка “ главната награда на Берлиналето.

Jasmila Zbanic Flash-Galerie

Сцена од филмот „На пат“ од Јасмила Жбаниќ

... и уште нешто за љубителите на филмот


Филмови од Централна и Источна Европа се истотака во фокусот на 10 издание на Меѓународниот филмски фестивал „Гоу ист“ што се одржува во Визбаден од 21 до 27 април. На фестивалот кој е во организација на Германскиот филмски институт ќе му биде оддадено признание на грузиско- францускиот режисер Отар Јоселиани. На крајот на месецот во Оберхаузен се трга во потрага по корените на филмот. На 29 април стартуваат 56 Меѓународни денови на краткиот филм, најстариот фестивал на краток филм во светот. Темата на годинешното издание кое ќе трае до 5 мај е: „Експерименталниот филм од 1898 до 1918 година“. Покрај тоа месецов поточно на 23 април ќе бидат доделени и Германските филмски награди. Победникот во категоријата „најдобар игран филм“ покрај традиционалната статуетка „Лола“ ќе добие и парична награда од половина милион евра.

Filmregisseur Otar Iosseliani

Режисерот Отар Јоселиани

„Арт Колоњ“

Најновото издание на најстариот саем на уметност во светот „Арт Колоњ“ се одржува во западната германска метропола Келн од 21 до 25 април. Но престижната старост не е гаранција за популарност. Во последните години саемот стана здодевен и крут, велат критичарите. Во 2008 година, новиот директор, Дениел Хаг, Американец роден во Швајцарија, донесе свеж ветер во саемските хали. Минатата година се говореше за нов почеток и за враќање на важните галеристи кои веќе го имаа прешкртано Келн од своите календари. 190 сопственици на галерии се очекува оваа година на „Арт Колоњ“ да презентираат дела од класичната Модерна, повоената и современата уметност.

BG Art Cologne Bilder von Rockstars aus den 70er Jahren zeigt am Dienstag (21.04.2009) in Köln der Schweizer Künstler Hannes Schmid in der Sonderschau Open Space der Art Cologne.

Сааемот „Арт Колоњ“ е вистинско доживување за љубителите на уметноста

Книги и рози

На 23 април цела Германија ќе чита. Пред 15 години УНЕСКО го прогласи овој ден за Меѓународен ден на книгата. Повод беше една традиција од Каталонија каде на 23 април - денот на светецот Жорди се подаруваат рози и книги. Во Германија фокусот оваа година е на темата „интелектуална сопственост“. Берзанското здружение на германските книжарници сака за оваа тема да ја сензибилизира пред се’ младата интернет- генерација. На 23 април покрај тоа е годишнина од смртта на две книжевни легенди: Вилијам Шекспир и Мигуел Сервантес. Двајцата починале во 1616- едниот во Страдтфор апон Ејвон, а другиот во Мадрид.

Deutschland Verlag Kiepenheuer & Witsch Bücher

Внатре - надвор во Берлин

Данско- исландскиот уметник на инсталации Олафур Елиасон веќе 15 години живее во Берлин. Сега германската престолнина му посветува самостојна изложба со негови дела, која ќе се одржи од 28 април до 8 октомври во зданието Мартин Гропиус. Мотив на изложбата која Елијасон ја конципираше специјално за зданието Гропиус е градот Берлин. Нејзиниот наслов - „innen Stadt Außen“ е игра на зборови која изговорена значи „внатре наместо надвор“ но пишаното буквало значење и е „Центарот на градот надвор“. Во неговата впечатлива колекција инсталации, Елијасон го истражува односот меѓу музејот и градот, архитектурата и пејсажот, просторот телата и времето.

Ausstellung Innen Stadt Außen

Една од инсталациите на Олафур Елијасон

Нео Раух полни 50 години

Роденденот само по себе не е некој спектакуларен настан, но доволен повод за „Пинотеката“ во Минхен и музејот за ликовни уметности во Лајпциг да организираат голема двојна изложба на Нео Раух. Музеите ќе претстават околу 120 дела на познатиот германски сликар роден во Лајпциг на 18 април 1960 година. Тие главно потекнуваат од американски приватни колекции. Раух важи за ѕвезда на т.н „Лајпцишка школа“ - термин кои самите уметниците кои се опфатени од него го отфрлаат. Тој е смислен од американските колекционери, кои собиирале дела од сликари кои исто како и Раух студирале на Лајпцишката академија за графика и визуелни уметности. Инаку изложбата во Минхен ќе биде отворена на 20 април, додека онаа во Лајпциг на 18 април.

Der Leipziger Maler Neo Rauch steht in Leipzig vor seinem Bild Vorführung

Нео Раух пред едно од неговите дела

Музички фестивал Швецингер

Секоја година градот Швецингер во јужна Германија е домаќин на Меѓународниот фестивал за опера и класична музика, кој привлекува повеќе од 20 илјади луѓе од целиот свет. Изведби ќе има во парк, во замок и во Рококо театар изградени во средината на 18 век, прекрасни локации кои потсетуваат на тоа дека Шецинген еднаш бил резиденција на големите кнезови.

Schwetzinger SWR Festspiele 2010

Музички фестивал Швецингер

Во музичка смисла главна цел на фестивалот се откритијата: да пронаоѓа стари дела и повторно да ги оживува. Од основањето на фестивалот пред 58 години, во Шецинген биле изведени 38 светски оперски премиери. Оваа година на програмата е праизведбата на операта „Ле Пер“ од Михаел Жарел. Фестивалот почнува на 23 април а ќе трае до 13 јуни.

Автор: Петра Ламбек/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска