1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Култура од сите континенти во срцето на Берлин

Тоа треба да биде најголемиот културен проект во Германија во наредните години. Седиште на новиот музеј наречен Хумболт-форум би требало да биде новото здание на Берлинскиот градски дворец.

default

Макетата на новото здание на Берлинскиот градски дворец, каде што ќе биде сместен Хумболт-форумот

Хумболт- форумот и би требало да биде готов за пет години. Но веќе сега во германската престолнина може да се види една изложба на која се прикажани плановите и идеите за музејот.

Проект на повеќе институции

Berliner Stadtschloß

Старата зграда на Берлинскиот градски дворец

Престижен проект, тежок милиони евра. Почеток на изградбата во наредната година. Постои единство за фасадата на планираното ново здание на Градскиот дворец, но и во внатрешноста градбата треба да одговара на високите очекувања.

Во центарот на Берлин, каде што треба да „никне“ новото здание, се’ уште се наоѓа слободна зелена површина, а сега изложба од спротива во стариот музеј се обидува да покаже, како би требало да изгледа сето тоа. Таму имено би требало да биде создадено ново место за уметноста, културата и науката.

Хумболт-форумот е инициран истовремено од повеќе научни и културни институции во Берлин.

Посетителите во него би требало да одат на едно глобално истражувачко патување, но и да го преиспитаат својот поглед на светот.

Единство на светските култури

Austellung Anders zur Welt kommen, Altes Museum Berlin

Еден од експонатите што треба да биде дел од трајната поставка во Хумболт- форумот

„ Хумболт- форумот треба да биде симбол за една Германија, која е отворена кон светот, за едно место на светската култура. Островот на музеите со Европа и Блискиот Исток и Хумболт-форумот од спротива со остатокот од светот. Со Африка, Азија, Америка, Океанија. Тука сакаме да го прикажеме единството на светските култури“ , вели Херман Парцинген, претседател на Фондацијата на пруското културно наследство, една од институциите која својата трајна поставка треба да ја пресели во Хумболт-форумот.

Концептот на новиот Хумболт форум го надминува она што е прикажано на актуелната изложба. Во идниот градски дворец треба да има театарски сали, гастрономски објекти и сали за читање со интерактивни понуди. Изградбата на Хумболт-форумот треба да биде завршена во 2014 година.

Автор:СН/ЖА/дв/дпа

Редактор: Жана Ацеска