1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Култот живее

Десет години од смртта на таткото на “гранџ” музиката , Курт Кобеин

Курт Кобеин на концерт со Нирвана

Курт Кобеин на концерт со Нирвана

На 5 април 1994 година во својот дом во Сиетл си го одзеде животот, лидерот на култната група од 90-те години од минатиот век Нирвана ,Курт Кобеин.

Десет години по неговта смрт Кобеин сеуште живее , благодарејќи на обелоденувањата на трагичните детали од неговиот живот, скандалите во кои секојдневно е инволвирана неговата вдовица, пејачката Кортни Лав, но пред се поради култниот музички тестамент кој го остави зад себе овој неповторлив музичар.

Нирвана , музичките експерти ја гледаат како група која ја промени историјата на рок музиката во 90-те години , односно своевиден пандан на Елвис Присли во 50-те , Битлси и Ролинг Стонси во 60-те или пак Секс Пистолси во 70-те години од минатиот век

Успехот на Нирвана особено на албумот Nevermind , кој беше продаден во повеќе од 14 милиони копии , го одбележа 27-годишниот драматичен живот на Курт Кобеин .

Smells Like Teen Spirit , возбудливата песна со уште позанимлив видео спот , го лансираше гранџот, специфичниот музички стил од Сиетл родното место на Кобејн , во светот на популарната култура.

Курт Кобеин со својата долга сина коса и предизвикувачки очи , беше најзаслужниот , за тоа . Тој и Крис Новоселиќ , човекот кој свиреше бас гитара во група , ја основаа Нирвана во 1986 година а три години подоцна го снимија првиот албум Bleech . Но сепак вистинскиот пробив доаѓа во 1991 со Smells Like ... и Nevermind.

Во групата покрај Новоселич и Кобејн беше и Дејв Грол на тапани , кој е сегашен предводник на успешната група Фу Фајтерс.

Инаку Курт во 1992 година со ожени за Кортни Лав , и самата музичарка и лидер на групата Хол . Во меѓувреме Нирвана снима уште два албуми Insecticide и In Utero , но набргу потоа на 8 април 1994 година , Кобејн беше пронајден мртов .

Неговото тело беше пронајдено три денови по самоубиството , што создаде можност за фанатичните обожуватели да креираат разни мистериозни приказни околу неговата смрт, со што само се дополнува сликата за култот кој околу себе го изгради Кобеин.

Неговите песни константно се пуштаат на радио станиците ширум светот. Особено денеска на кратки интервали можат да се чујат Litium , Come as you are , Man who sold the world, итн.

Познатиот музички магазин Ролинг Стоун му посвети поголем дел од последното издание , сместувајќи го Кобеин меѓу 20 легендарни фигури во историјата на музика.

Музичката телевизија еМ Ти Ви емитува специјална програма со чести напомени дека до денешен ден никој не може да се спореди со создавачот на гранџ музиката.