1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Култната „Тип-Кик“ - добар бизнис

„Тип-Кик“ е фудбалската игра со мали фигури од цинк. Оваа игра постои веќе 86 години. Во споредба со Нинтендо и останатите игри, таа е антиквитет. Сепак за ФИФА-СП 2010 производителот ќе направи вистинска зделка.

default

Традиционалната фудбалска игра „Тип-Кик“

Партија „Тип-Кик“ за Матијас и Јохен Миг претставува дел од работата. Двајцата братучеди се трета генерација која раководи со производителот на играчки од Шварцвалд со најбогата традиција. На кикерот скоро нема промени од времето кога нивниот дедо Едвин Миг ја претставил на пазарот играта со маса за фудбал. Матијас Миг гордо го демонстрира тоа со историската игра од архивот на фирмата: „Ова е една од првите ’Тип-Кик’ игри кои ги произвел мојот дедо. Тој ја открил играта во 1924 година, потоа ја усовршил и ја презентирал на саемот во Лајпциг, каде ги направил првите големи зделки.“

„Тип-Кик“ се проби на СП во 1954 година

Tipp-Kick Spielszene

Во 1954 година играта почна да се прави со подвижен голман

Во годините кога германскиот фудбал имаше успех и „Тип-Кик“ профитираше. Матијас Миг раскажува за СП во 1954 година, кога Германија за првпат ја освои титулата: „Таа година продадовме 180.000 примероци од играта и почнавме да ги правиме со подвижен голман. Тогаш ’Тип-Кик’ се проби.“ Претпријатието успеја да го надмине тогашниот рекорд дури за СП во 2006 година, што се одржа токму во Германија. Семејното претпријатие од неговото постоење продаде повеќе од пет милиони вакви игри, а стандардниот модел чини околу 30 евра.

Традиционалната хала за производство изгледа како да застанало времето. Во неа е залудно да се бара висока технологија. На германската најмала фабрика за играчки не и‘ беше секогаш едноставно да опстои наспроти големите произведувачи. Во 80-те години се намали профитот. Трошоците за производство во Германија беа премногу високи, и поради тоа што производителите Миг се‘ правеа сами. Традиционалното претпријатие беше потонато во традицијата.

Со ретро-шарм до култен имиџ

Но, на сопствениците од семејството Миг им успеја да направат пресврт. За да опстојат наспроти ефтината конкуренција од Далечниот Исток, денес секоја недела со камион транспортираат кикери во Тунис каде се фарбаат. Исто така го променија и маркетингот и се придржуваат до култниот имиџ. Бројните производи за обожавателите, како лигавчиња и маици, сведочат за митот на малите фигури од цинк. Јохен Миг вели дека „Тип-Кик“ со ретро-шарм успеја да прерасне од омилена игра до култен бренд: „Сметам дека ’Тип-Кик’ докажа дека иако на пазарот со генерации се нуди скоро непроменет, сепак е добро прифатен. Мојата проценка е дека тоа е поврзано. Култ е секако голем збор, но се радуваме што постојано ни се потврдува таквиот имиџ.“

Flash-Galerie Spiele Gesellschaftsspiele Tipp Kick

Доследни на култниот имиџ

За СП во Јужна Африка Тип-Кик треба да продаде 100.000 примероци од играта, тоа на годишно нови е двојно повеќе од вообичаеното. Во понудата ги има сите 32 репрезентации на СП, од Грција до Гана. Дури и рекламите покрај теренот во стадионот на играта „Тип-Кик“ се продадени на производители на познати брендови. Но, сопствениците Миг не тргуваат само со простор за реклами. Исто така и самата игра е омилен рекламен подарок што го купуваат фирмите за нивните муштерии.

За првпат женска фигура во играта „Тип-Кик“

Во годините кога има Светски првенства Матијас и Јохен Миг остваруваат повеќе од половината на нивниот промет само преку продажба на рекламен простор. Јохен

DW Tipp Kick T-Shirt

Бројни производи за обожавателите на играта

Миг вели дека бизнисот со рекламниот простор на игрите ја поттикнува и нормалната продажба: „Рекламните подароци по правило се игри кои имаат по еден играч, една топка и еден гол. Така на пример потоа стигнуваат порачки преку специјализираните продавници за играчки, затоа што луѓето се поттикнати да си купат нова комплетна игра.“

За да ја разбијат доминантноста на мажите во „Тип-Кик“-сцената, братучедите Миг испланираа еден скоро револуционерен новитет. Првиот играч како женска фигура во историјата на фирмата! „Мис Тип-Кик“ ќе почне да се продава во 2011 година, токму за женското СП во Германија.

Автор: Јулија Графен/ Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Алекандра Трајковска