1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Кулминација на "петото" годишно време

Силна музика денеска ечи на улиците во многу германски градови особено оние во рајнската област . Овде е неработен ден, кулминираат карневалските свечености со таканаречениот ,, Розенмонтаг“

Хајди Клум и Сил главни ѕзвезди на карневалот во Келн

Хајди Клум и Сил главни ѕзвезди на карневалот во Келн

Карневалските поворки тргнаа во традиционалната обиколка на градските улици , а милиони луѓе ги очекуваат маскирани и подготвени за луда забава.

Најжешко е во неформалниот главен град на карневалот , Келн . Во точно 11 минути пред 11 часот стартуваше карневалската поворка за розевиот понеделник., под мотото Келн и децата од целиот свет.

Најмалку 1 милион луѓе на монтажните трибини и на тротоарите ширум град ги отпоздравуваат 10-тиците карневалски возила, кои се преполни со слатки , кои на крајот од денот ќе завршат во торбите на карневалистите.

Во келнската карневалска поворка главни ѕвезди денеска се Хајди Клум , германскиот фото-модел и нејзиниот партнер попѕвездата Сил.