1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Кулминација на карневалот во Рајнската област

Со поворката на т.н. Розенмонтаг, карневалот во Рајнската област во Германија денеска ја доживува својата кулминација во повеќе градови-Келн, Диселдорф, Бон и Мајнц.

Најголемата карневалска поворка на Розенмонтаг се одржува во Келн. Една од темите со кои се занимава карневалот годинава е оставката на сојузниот претседател Кристијан Вулф. Возилото со пародија на настаните околу Вулф мораше комплетно да биде размонтирано во петокот, по оставката на претседателот. Возилото со новиот мотив на тема Вулф е подготвено за поворката во рекордно време од само два дена. Меѓу останатите теми на карневалот се спасот на еврото, како и нискиот рејтинг на германските либерали.

Што е Розенмонтаг?

За потеклото на името Розенмонтаг има различни теории - една од нив вели дека името нема врска со розите, туку со глаголот „разен“, односно да се биде весел, смешен, палав. Според друго објаснување, пак, името датира од 19-ти век. Имено, во 1823-та година во Келн е основан „Комитет за фестивали“, кој имал за цел да донесе одредби за текот на карневалот. Генералното собрание на овој Комитет се одржувало секогаш во понеделник по третата недела. Оваа недела од 11-ти век наваму се нарекува и Розензонтаг, затоа што папата на тој ден осветувал една златна роза и ја предавал на личност со заслуги. Комитетот кој во понеделникот што следувал ја организирал поворката се нарекувал „Здружение Розенмонтаг“. Името прво се однесувало само на поворката, а потоа се пренесло и на целиот ден.

Flash-Galerie Karneval Rosenmontag Rosenmontagszug in Köln

Порано во Рајнската област, вечерта на Розенмонтаг се отворале прозорците за ангелите да можат да земат нешто од оброците. Луѓето верувале дека постите на небото се држат многу строго и затоа сакале да им дадат можност на ангелите уште еднаш „добро да се најадат“ пред да почнат со долгите Велигденски пости.

Автор: ЕМФ/апн/дв

Редактор: Ж. Ацеска