1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Кукан: Македонија може да добие датум за преговори во јуни

Европратениците се задоволни што посетата на Филе на Македонија вроди со плод. За одложената резолуција за Македонија се договорени компромисни амандмани. Сепак, многу работи зависат од Македонија.

Во ЕП и во добар дел од политичките групи има големи симпатии и желби Македонија да напредува и натаму, вели во разговорот за ДВ известувачот во сенка за Македонија Едуар Кукан. Според него постои можност, на заседавањето на самитот на Европската унија во јуни оваа година, Македонија да дибие датум за преговори.

„Но, за тоа да се случи, потребно е локланите избори да се спроведат на демократски начин во согласност со европските норми и стандарди и внатрешно-политичката ситуација се развива врз основа на политичкиот дијалог со целосно исполнување на демократските функции на парламентот, како и нормален демократски дијалог меѓу владата и опозицијата“,  нагласува Кукан.

Според него, решението за името исто така е важно.

„Тоа зависи од двете страни. Тука не е само една земја и ние знаеме дека владата, премиерот и претседателот на Македонија имаат направено многу за да се најде компромисно решение и се надеваме дека другиот партнер ќе настапи исто така на основа на компромисно решение, бидејќи тоа очигледно е многу важно“, вели европратеникот Кукан.

Der Mazedonische Außenminister Nikola Popvski mit Eduard Kukan und Richard Howitt

Едуард Кукан, Никола Попоски и Ричард Хауит, фотографирани во февруари минатата година

Кај европратениците постои задоволство што мисијата на Комесарот Штефан Филе, заедно со европратениците Бузек и Хауит донесе поволни резултати. Во ЕП се оценува поволно подготовноста на политичките лидери од Македонија повоторно да зборуваат меѓу нив и да најдат компромис.

Ричард  Хауит има предложено 18 компромисини амандмани, кои според европратениците на „многу избалансиран начин ги земаат во предвид претходно предложените 203 амандамани“.

„Кај известувачот Ховит, постои искрена желба да и’ помогне на Македонија на патот на европската интеграција, исто како и кај нас другите известувачи во сенка“, истакнува Кукан.

Doris Pack CDU/CSU Europäische Volkspartei EVP

Дорис Пак

Гласањето за резолуцијата беше одложено поради случувањата во Македонија, германската европратнеичка Дорис Пак оценува дека ова беше направено, „бидејќи очекувавме дека ќе се случат попријатни работи во Македонија, од она што го видовме досега.“

„Сега една од нашите најголеми очекувања е да изборите поминат во најдобар ред“, нагласува таа за Дојче Веле.

Пак не очекува дека резолуцијата на ЕП ќе биде покритична од првичната верзија.

„Видовте во расправата во Комисијата ние ги направивме си потребни критики и ако во случај има нешто да се поздрави во Македонија, ние ќе бидеме најсреќните да го направиме тоа“, вели германската европратеничка.

Европратеникот од Бугарија Евгениј Кирилов, кој беше меѓу европратениците најмногу ги критикуваше случувањата по 24 декември во Македонија, е на мислење дека тие ќе се одразат во резолуцијата.

„Тоа што се случи е неспорно нешто негативно и создава лош впеачток за земјата. На крајот ако тоа така не е оценето, тогаш тоа ќе нема смисла. За случувањата ќе имаме критичен третман“, изјави Кирилов за ДВ.

Evgeni Kirilov, Bulgarien EP

Евгениј Кирилов

Запрашан дали е оптимист дека конечно Бугарија и Македонија ќе најдат решение за недорабирањата, Кирилов вели дека треба да се најде начин за да се излезе од овие ситуации.

„Но, за тоа - дали сум оптимист или песимист, можам да кажам дека чашата е полна до половина“, завршува Кирилов.

Во ЕП многу од нашите соговорници велат дека имаат впечаток дека понекогаш тие изгледаат позаинтереисрани за европската агенда на Македонија отколку македонските политичари.

„Но, тоа не е случај само со Македонија, јас сум известувачка за Босна и Херцеговина и можам да ви речам дека таму е уште полошо. Политичарите треба да ја преземат сета одговорност и да направат се’, за да се избегне назадување. Однесувањето на опозицијата беше неодговорно, истовремено како што веќе имам речено - има многу националситички движења кои предизикуваат пречки. Тоа не служи за ништо, бидејќи тоа само и’ носи вода на воденицата која се наоѓа во соседната држава“, забележува европратеничката Дорис Пак.

Гласањето на резолуцијата во во Комисијата за надворешни работи на ЕП е предвидено за на 8 април, додека на пленарна сесија се очекува резолуцијата да биде разгледана и изгласана  во мај.