1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Куба не ги сака новинарите

Кубанците во земјата и во егзил,пред се во САД,но и политичките аналитичари шпекулираат околу сериозноста на болеста и прашањето,што ќе дојде по Фидел Кастро

Кубанците во исчекување

Кубанците во исчекување

Во земјата владее мир. Заменикот шеф на државата раул Кастро сеуште не се појавил во јавноста,не издал никакво соопштение,не одржал ниеден говор.

Ниту Фидел Кастро не се појави во јавноста изминативе четири дена.Тој требаше вчера да ја напушти станицата за интензивна нега,како што објасни неговата сестра Хуанита Кастро Руз која живее во Мајами.Но,точни информации нема.

Во земјата владее мир,но во заднината се јавуваат знаци дека на режимот му се измолкнуваат уздите од рацете.Од членовите на Комунистичката партија и на Комитетите за одбрана на револуцијата е побарано да бидат засилено будни,24 часа на ден.Наводно,армијата врши мобилизација на првите резервисти.Партискиот весник на Комунистичката партија на Фидел Кастро известува дека воените сили се подготвени да ја бранат земјата.

Вчера организациите на Кубанците во егзил во САД ги повикаа своите сонародници на воено востание против системот.И американската влада побара од населението во Куба да работи на демократски промени.Во ова време на несигурност на Куба,едно е јасно,САД се цврсто решени да ги поддржуваат стремежите на кубанскиот народ кон демократија и слобода,изјави американскиот претседател Џорџ Буш во соопштение издадено од Белата куќа.

Ако дојде до протести против режимот на Фидел Кастро,Куба меѓутоа би сакала да има што е можно помалку меѓународни сведоци на острпвот.На странските новинари им се искратени со ред нужните визи за работа.Репортерите,кои и покрај тоа стигнуваат на аеродромот во Хавана со туристички визи,често се враќани.Според информациите на Германската агенција за печат,од почетокот на неделава дома се вратени околу 150 известувачи.Кубанската амбасада во Лондон му соопштила на британски ББС дека засега нема воопшто новинарски визи,ќе ги има дури за самитот на неврзаните земји,кој треба да започне на 11 септември во Хавана.

Така,следните денови ќе биде тешко да се дознае дали во земјата сеуште владее мир.