1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Куба му го посвети на Хемингвеј најголемиот даикири на светот

По повод 113-от роденден на носителот на Нобеловата награда за литература, Ернест Хемингвеј, во Флоридита е измешан најголемиот даикири-коктел на светот. Кубанците се надеваат на влез во Гинисовата книга на рекорди.

Ернест Хемингвеј најмногу сакал да го испие својот мохито во кафулето Бидекита дел Медио, во Хавана. Својот даикири-коктел пак, најмногу сакал да го пие во Флоридита. „Mi Mojito en la Bodeguita, mi Daiquiri en la Floridita“, велел големиот Хемингвеј.

Castro und Hemingway

Хемингвеј и Кастро фотографирани пред 52 години

Затоа сега, по повод неговиот 113-ти роденден, 30 бармени и нивните асистенти во Флородита го измешаа, како што тврдат организаторите, најголемиот даикири на светот. Во коктелот се влеаја невидени количества рум, сок од лимон, шеќер, марашино-ликер и здробен мраз. Даикiри-коктелот беше ставен во буре од 275 литри и потоа поделен во 1466 чаши.

Во чест на Хемингвеј беше одржан и говор и здравица по повод роденденот. Големиот писател мина две децении од својот живот во Куба. На ѕидот во локалот е закачена фотографија на Хемингвеј и Фидел Кастро. Фотографијата е од 1959 година, година на револуцијата. На осторовот Хемингвеј има напишано неколку свои дела, меѓу нив и романот „Старецот и морето“.